Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Кејт Мари Брнз, и министерот за култура, г. Хусни Исмаили, денес, во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“, во Велјуса, Струмица, потпишаа договор со кој ќе се овозможи конзервација и реставрација на фреските и мозаиците во овој манастир. На свеченоста гостите ги поздрави викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, кој изрази голема благодарност до Амбасадата на САД.



На настанот присуствуваа и градоначалникот на Струмица, г. Коста Јаневски, градоначалникот на Ново Село, г. Никола Андонов, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски, претседателот на Националниот конзерваторски центар Скопје, г. Мемет Селмани, директорот на Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица, г. Ацо Манински, и други.

Со постојната програма на Стејт департментот на САД, позната како Амбасадорски фонд за културна заштита, во наредните две години со доделените средства ќе се изврши реставрација и зачувување на манастирската црква.

Во рамките на посетата, амбасадорката Кејт Мари Брнз го посети и манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“ во Водоча, Струмица.

 

 

Извор:

 http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7154

 

Друго:

https://sitel.com.mk/amerikanskata-ambasada-odvoi-100000-dolari-za-restavracija-na-manastirot-veljusa