с.Љубанци,20/21 соптември 2019 г- манастир на св.Никола

 

Во манастирската црква  на св.Никола,во с.Љубанци,вечерва молитвено собрани,се одбележа, односно прослави, споменот на Рождеството на Пресвета Богородица. Божествената Литургија ја отслужи презитерот Горан Стојчевски и бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

„Циклусот на празнувања во Црквата започнува со споменот за Нејзиното Рождество,

а сѐ исполнува со Нејзиното Успение, бидејќи преку Неа

ни се открива сето она што Он го стори за нас,

крстот, гробот, тридневното Воскресение, уште и Второто и славно доаѓање...“-

о.Г.Стојчевски

 

 Но, кој беше достоен да стане тајник на Тајната? Кој беше достоен да стане Мајка Божја и на Оној Кој вселената ја богати да Му позајми тело? Кој беше достоен? Се разбира, онаа која денес распупува на чудесен начин од неплодниот корен на Јоаким и Ана; онаа чие Пресветло Рождество го славиме и чие доаѓање означува почеток на чудото на највеликото Таинство, мислам на Рождеството по плот на Спасителот; онаа за која овој божествен и сеполн собор беше свикан. Оти, достојно и праведно беше онаа која своето тело во чистота го сочува од раѓањето, и душата и мислите во чистота ги пазеше, да биде одредена да биде мајка на Создателот. Достојно и праведно беше онаа која како младо дете во Храмот беше принесена и влезе во одаите неиспитани, да биде жив храм на Оној Кој душа ѝ подари.

+ + +

О, какво чудо! Оној Когошто целата природа не може да Го собере удобно се сместува во утробата на Дева. Оној, пред Кого херувимите и серафимите ги прекриваат очите, се гали во скутот на Дева, допрен од нејзините раце од земја. Од јаловата и неплодна утроба излезе Светата Гора [Дева] од која, откако скапоцениот аголен камен, Христос нашиот Бог, беше чудесно оформен, Тој ги уништи демонските храмови и царството на Адот со нивната тиранска власт.- Св. Фотиј Велики

+ + +

 

 

 

 

 

 

Кон Скопје- во населба Радишани

Преминпортал (к.т.)

 Друго:

 bogoslovi.vecerna5.jpg