с.Љубанци, 7ти август 2019- манастир на св. Никола

 

  

 Во седмата недела по Педесетница,на денот кога МПЦ-ОА молитвено  го прслави споменот на  света Ана; света Олимпијада, ѓакониса; спомен на преподобната девица Евпраксија, во манастирската црква на св. Никола во с.Љубанци (скопско),свештеникот,и проф.на Богословија,  Антонио Апостолоски отслужи   Божествена  Литургија.Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот говореше за житието на преподобна Евпраксија и, и го честита именденот на старешината на манастирот сестра Евпраксија ,посакувајќи и по примерот на светителката многубројни духовни плодови.

 

 

 

 

 

 

Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него.

 

[youtube height="400" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=kulnpF3yGM0[/youtube]

 

 

 „Се е тука...ама него го нема...“

Пред  повеќе години се поставиа темелите од новиот манастирски конак.

Внесен е во програмата  на Министерството за култура за неговата изградба, и сестринството од манастирот на св.Никола, со трпение и разбирање за сите проблеми очекуваат  да се отпочне и се заврши со неговата доизградбата.

 

 

Преминпортал (к.т.)

 Друго:

Josif.Evpra.jpg

На денот на св. Никола, Божествена Литургија во манастирот св. Никола, с. Љубанци (22,05.2013)

Божествена Литургија - во храм Св. Петка , с.Побожје (скопско)

Божествена Литургија во манастирот Св. Никола с. Љубанци (скопско)- 05. 08. 2007 г.

Друго: