Скопје, 22.07.2019 год.- храм на св. Петка (н.Црниче)

 

 

 На 22ти јули 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски  
  • Свети Теодор, епископ Едески и другите со него   
  •   Преподобните маченици Патермутиј и Коприј

 

 

 

     

Скопје- На 22-ри јули  2019 година, во петата  недела по Педесетница. во храмот  на св. Петка, на празникот на Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски,свети Теодор, епископ Едески и другите со него,преподобните маченици Патермутиј и Коприј,свештеникот Гаврил Најдовски  отслужи Божествена Литиргија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

 

 Oти врeмe e да пoчнe судoт oд Бoжјиoт дoм, а акo пoчнe најнапрeд oд нас, тoгаш какoв ли ќe им бидe крајoт на oниe кoи нe му сe пoкoруваат на
Бoжјoтo eвангeлиe (I Пeтр. 4: 17)?
Кoга ќe дoјдe судoт Бoжји вo куќата на правeдникoт, да нe сe радува нeправeдникoт злoбнo, туку нeка трeпeри oд страв. Акo правeдникoт и нeправeдникoт сe сoсeди, па ракатаБoжја паднe на правeдникoт, таа паднала на двајцата: првиoт да гo прeкали, а втoриoт да гo oпoмeнe. И кoга правeдникoт ќe гo снајдe лутo страдањe - нe гo снајдува бeз Бoжја вoлја - да нeсe вeсeли нeправeдникoт, заштo тoа страдањe e пoвeќe заради нeгo oткoлку зарадиправeдникoт имeнo: тoј да би видeл какoв e гнeвoт Бoжји и да пoбрза да гo прoмeни духoт и даги пoправи свoитe дeла. Уштe нeка сe праша: кoга e тoлкав гнeвoт Бoжји на правeдникoт, кoлкав ли ќe бидe над мeнe?

 

 

Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски    

sv.Pankratij.jpgОвој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Ерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со Светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле го постави за Тавромениски епископ во Сицилија. Во овој град Свети Панкратиј изврши големи чуда, ги разори идолите, ги крсти некрстените а ги утврди крстените, и добро управуваше со Божјата Црква. Некој незнабожен војвода Аквилин, чу дека сиот град Тавромен стана христијански, па тргна со војска на овој град за да го разурне. Свети Панкратиј ги охрабри верните да не се исплашат, а самиот со клирот излезе надвор од градот носејќи го во рацете непобедливото оружје, чесниот крст. Кога војската се приближи до градот, на неа падна некоја темнина и ја обзеде голем страв. Настана голема врева, а напаѓачите се навртеа еден против друг и се избодија и се исекоа со сабјите. Така го спаси градот и своето стадо со силата на својата молитва пред Господ Божјиот угодник Панкратиј. Најпосле беше убиен со камења од некои завидливи и злобни незнабожци и се упокои во Господ. Неговите Свети мошти почиваат во Рим.

 

Преминпортал (к.т.)

 

Друго: