Петар и Павле, сесветлите светилници на духовното небо, првоврховните и сефални Апостоли, ги чествува денес должно и со псалми и химни ги воспева нивните сечесни личности, Црквата Христова.



И со право толку торжествено ги слави, бидејќи, како што со благопочитание говори нашиот Старец, Архимандрит Партениј, „таа (т.е. Црквата), создадена со воплотувањето на Синот и Словото Божјо и со слегувањето на Светиот Дух во светот, Кој им го подари обилното Божествено просветление на светите Апостоли, е втемелена токму на нивното боговдахновено учење. Во учењето и евангелската проповед, колку на првоврховните, толку и на останатите апостоли, на тие бедни и незначајни според мерилата на светот рибари и прости и необразовани луѓе, кои биле испратени од нивниот Распнат и Воскреснат Учител, заедно со другите седумдесет апостоли, до краиштата на екумената, за да ги преведат потонатите во заблудата на идолите и на гревот луѓе во светлината на богопознанието и сознанието на единствениот вистински Троичен Бог. Да ги чествуваме, затоа, натчовечките подвизи и жртви, трудови и рани, затвори и таги и маченичката смрт на овие свети мажи, претрпени заради послушание кон заповедта Господова, заради спасението на сите нас. Божјото провидение уреди нивните сечесни тела да почиваат во Рим, центарот на древниот свет, каде заблудата била најдлабоко вкоренета, за со своите молитви и со своето присуство да го преобразат тоа општество на нечестието во заедница на телото Христово. Осумстотини години подоцна, првоврховните Петар и Павле го прибраа во Рим и телото на рамноапостолниот Кирил, кој како трет врховен апостол, го доврши од нив започнатото дело“.

Денес на светот му засветли празник радосен – сечесниот спомен на премудрите апостоли и врховните Петар и Павле. Затоа и Рим се радува и ликува во песни и молитви. И ние, браќа, го славиме овој сечесен ден: Радувај се, Петре апостоле, на Твојот Учител – Христос нашиот Бог, искрен пријателу! Радувај се, Павле, севозљубен и проповеднику на верата и учителу на вселената. Двоице света, избрана, имајќи смелост молете Го Христа нашиот Бог да ги спаси душите наши.

Гробот на Свети Апостол Павле во Рим

 
Веригите на Свети Апостол Павле
 
Гробот на Свети Апостол Петар во Рим

 

 

 

 

 

 Повеќе:

https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/spomen-na-svetite-prvovrhovni-apostoli-petar-i-pavle-2019/