(обновено)

 Скопје, 9-ти јули 2019 г.-Соборен храм Свети Климент Охридски

 

 

 На 9-ти јуни 2019 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во Скопје, по Вечерната богослужба,о Сашко николовски во сослужение на свештенството на МПЦ-ОА, отслужи  Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј беше отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

 

   Кондак 3

Христа до крај Го возљуби и откако светот го остави, во Не-рези над Скопје, кон љубовна средба со Бога побрза. Во ма-настирот на славниот исцелител Пантелејмон, исцеление за ду-шата своја пронајде, и во тајните на третото небо прозре. Името на великот Јоаникиј го понесе, и во подвигот на големите пусти-ножители рамен се покажа. Зачудени од твојот подвиг, Бога Го славиме: Алилуја!


Икос 3

Монах смирен, на ангел подобен. Во послушанието прв, во смирението најбрз. Кроток по срце, свет по душа. Најмал во потстригот, најголем во подвигот. Тивкиот Јоаникиј со мудрост  божествена  хранет  и  од  убавината  на  горниот  Ерусалим  насладуван, кон Бога се искачува и утеха за сите станува. И ние сега, прекрасниот подвижник, со песни непрестајни го славиме и смирено говориме:

Радувај се, смирен страдалнику!

Радувај се, тивок подвижнику!

Радувај се, Христов тихувателу!

Радувај се, небесен патнику!

Радувај се, на монасите заштитнику!

Радувај се, на послушните покровителу!

Радувај се, непоколеблив исповеднику!

Радувај се, на тишината љубителу!

Радувај се, на понизените сострадалнику!

Радувај се, на изнемоштените утехо!

Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!

  

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 Друго:

 

 

 

http://preminportal.com.mk/vesti/21588-akatist-kon-prep-joanikij-rakotinski-soboren-hram-skopje-02-04-2019

 

По милоста Божја и со содејство на
Предвечната и Единосуштна Троица,
овој акатист се состави и заврши на 27 јули 2017
во денот на светиот Сампсон Странопримец,
во најсветиот град Охрид.


 http://preminportal.com.mk/pdf/Akatist_na_prepodoben_Joanikij_Raotinski.pdf

 

 Акатист на преподобниот отец наш Јоаникиј Ракотински (.PDF)

Издава:Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА

Акатист кон преп. Јоаникиј Ракотински, Соборен храм, Скопје (22.05.2018) ...