логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

„Преподобен Науме, заедно со божествениот Климент ја обиколивте земјата и, откако ја обработивте, ги засеавте во неа божествените догмати, па и сега ги берете плодовите од божественото познание, и годишните пеења“ (песна од канонот на Утрена на преп. Наум Охридски Чудотворец“).

 

svnaumlet2019 3

И оваа година, неизброен верен народ дојде во манастирот на мизискиот светилник, на чесниот украс на монаштвото, преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, за да ги прослави неговите подвизи и чудеса. Прославата на преподбниот Охридски апостол, започна на 02 јули, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Јова Димитров, свештениците Димче Азески, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост.


svnaumlet2019 4
 
svnaumlet2019 6
Празнувањето на премудриот Наум продолжи утредента на 03 јули, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов и Тоди Јован (од Албанската православна црква), свештениците Димче Азески, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Петар се обрати кон верниците со пригодна беседа.
 

Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј од Вечерната богослужба.
 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Нашиот праотец Адам додека бил со Бога во рајските предели имал чисто срце. Бог му се јавувал, разговарал со него. Меѓу нив постоел присен однос. Нашиот Спасител Господ Исус Христос во својата беседа на гората на блаженствата, меѓу другото вели: „Блажени се чистите по срце оти тие ќе Го видат Бога" (Мт. 5, 8). Не е можно човек да ја види и сфати суштината Божја. Но, оние што живеат праведно и благочестиво во своето чисто срце Го чувствуваат Бога и Неговото невидливо благодатно присуство. Ние знаеме дека во Стариот завет Бог му се јавил на Авраам во вид на тројца патници покрај Мамврискиот даб. На Мојсеј му се јавил во капината. Исто така се јавил и на пророкот Илија, бидејќи овие луѓе, старозаветни праведници имале чисто срце.


Ова јавување во Стариот завет во споредба со тоа што го гледаат праведниците во вечниот живот е како гледање во огледало, а тогаш ќе биде лице во лице. „Сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат" (1 Кор 13, 12). За тоа ни зборува и светиот апостол и евангелист Јован, во своето послание кога вели: „Сега сме чеда Божји! Но, уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, оти ќе Го видиме каков што е" (1 Јн. 3, 2). Се поставува прашањето дали е можно да се има такво блаженство со чисто срце кое може да Го види Бога? За време на нашиот живот треба да го чуваме своето срце. Но, да се постигне тоа, потребно е да се има голема будност и да се вложи голем труд, бидејќи „царството небесно насила се зема и силните го грабаат" (Мт. 11, 12). Покрај нашата будност и трудољубивост ќе добиеме и помош Божја преку Неговата неискажлива благодат да го сочуваме чисто нашето срце. Затоа е потребно да бидеме постојано будни, бидејќи Бог гледа сѐ и знае сѐ. Ги знае и нашите помисли, а не само нашите дела, па според зборовите на свети Јован Златоуст „треба постојано да стражариме на вратата на нашето срце и да го чуваме од сѐ она што би ни го ускратило нашето радосно општење со Бога".


Преподобен Пајсиј Велики вели: „Во загреан сад на оган не можат да дојдат никакви инсекти. Ако човек го загрее своето срце со вистина, доброта и љубов, ѓаволот не може да допре до таквото срце. Најдобро средство за чистење на срцето, ако не е извалкано е молитвата. Таа е оган кој го загрева срцето, побудува во него побожност, го исфрла гревот, ја привлекува благодатта Божја за да го очисти и измие срцето". Срцето, пак, на грешен човек го опфаќа тага и болка, бидејќи гревот ја има прекинато нитката на заедничарење со милостивиот Бог. Ако се успее нечистото срце да се очисти со покајни солзи, а преку тоа да се воспостави прекинатата врска со нашиот небесен Отец, таквите христијани со нивните духовни очи гледаат и со срцето го чувствуваат присуството Божјо.


Многубројни се нашите светители и угодници Божји кои постигнале чисто срце со нивните подвизи, откажувајќи се од земните сладости заради небесното Царство. Ги чистеле нивните срца за време на молитва и биле озарени со светлината Божја, па дури и разговарале со безгрешниот Бог и со нивните духовни очи ја гледале светлината на Неговото лице.


Чистото срце е слично на добра обработена плодна земја која донесува разновидни и обилни плодови. Чистото срце раѓа кротост, смиреност и милосрдие. Во бистра вода се огледува и небото и сонцето, и таа ги освежува жедните и ја гасне телесната жед. Човечкото срце е слично на бистрата вода. Го отсликува духовното небо и духовното сонце и во него се огледува Божјата кротост, сјај и величие. Во чисто срце се отсликува светоста Божја. Вистинска светлина која го осветлува секој човек. Чистото срце е слично на оган, па како што огнот го чисти за'рѓаниот метал, така и чистото срце го изгорува гревот во себе. Чистото срце е храм Божји. На таквото срце својствено му е да Го сака Бога, а Господ Исус Христос ни порачува: „Кој ги има заповедите Mои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец и Јас ќе го возљубам и ќе му се јавам Сам" (Јн. 14, 21).


Да се потрудиме и ние, а милостивиот Бог ќе ни помогне да ги очистиме нашите срца. Преку тоа ќе ја почувствуваме благодатта Божја уште овде на земјава, а на небото ќе живееме гледајќи ја Неговата Божествена светлина. По молитвите на преподобниот Наум Охридски, чиј спомен денес празнуваме, така нека биде. Амин.

svnaumlet2019 10

svnaumlet2019 12

svnaumlet2019 13

svnaumlet2019 18

svnaumlet2019 18

svnaumlet2019 23

svnaumlet2019 24

svnaumlet2019 30

02.07.2019 год.
Вечерна на Преп. Наум Охридски
манастир „Св. Наум Охридски" Охрид

 

 Повеќе: http://www.dke.org.mk/index.php/3189-2019-07-04-09-29-58

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная