Скопје, 2ри јуни 2019 лето Господово- Соборен храм на св.Климент Охридски

 

 

 

 

На 2-ри јуни  2019, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на светиот маченик Талалеј,светиот маченик Аскалон, во Соборниот храм на св.Климент Охридски во Скопје, Свештеникот  Стефчо Беќарски во солужение на протоѓаконот Антонио Дујовски, ѓаконите Александар Димитријов и Драган Иванов отслужи Божествена Литургија. Во текот на Литургијата свештеникот Беќарски толкувајќи го денешното Евангелие произнесе празнична беседа. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

  

 

Господ Бог сака да ни го даде Царството небесно. Но, него ние како да не сакаме да го видиме и постојано зборуваме само за тоа во колку убава куќа треба да живееме, во што поубаво да се облечеме, како да изгледаме пред другите, а сите тие мисли се само суета и ништо друго. Многумина нема да бидат удостоени да влезат во Царството Божјо. Пред многумина рајските врати ќе бидат затворени и ќе ги слушнат Божјите зборови: „Бегајте одовде, зашто не ве познавам кои сте!

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)   

 Друго: