Скопје, 07.04.2019 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица

 

Глас четврти:

Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!

Blagovestenie.Markov.jpg

Свето Благовештение

 

 

 

 

 

На 07.04.2019 година, во Недела на Свети Јован Лествичник, на празникот Благовештение на Пресвета Богородица, Свештеникот Ангел Сердарски во сослужение на протоереј Љупчо Велјановски  и ѓаконите Методиј Митановски и Михаил Манојлов отслужи  Божествена Василиева Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје.Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 

 

 

 

  Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Без дух на покајание, без опит на вистинско послушание,

никој не може да стане вистински богослов или свештеник,

што значи, личност способна да ги поучи другите

на вистинскиот христијански пат.

 

 

 

 Преминпортал (к.т./Драги.В)

7ми април 2019 лето Господово