Скопје,24ти март 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

  На 24ти март 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски   
  • Светиот маченик Пиониј и другите со него   

 

 

 

На 24ти март 2019 година, во Неделата на св.Григориј Палама, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот на свети Софрониј, патријарх Ерусалимски,светиот маченик Пиониј и другите со него,во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Драган Јанковски во сослужение ереј Спасе Таковски и на ѓаконите Методиј Митановски и Михаил Манојлов отслужи Божествена Литургија. Бројниот верент народ се причести со Светите Христови Тајни. Отецот во текот на Литургијата произнесе парнична беседа.

 

 

 

 

 

 

„ Но,  секое добро што го прави човекот на својот ближен треба да произлегува од љубовта спрема Бога и ближниот. Човек треба да го сака Бога со  сета душа и со сето свое битие, какои својот ближен, бидејќи преку тоа фактички се помага себе си. Се бoгати со богатството кое никој не може да му го одземе, а со тоа и си ја создава вечната радост и блаженство.“(Повеќе)

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 Друго: