На 17. 03. 2019 година, Прва Недела од Великиот Пост – Недела на Православието, препод. Герасим, св. мч – ци Павле и Јулијана, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во храмот „Св. Климент Охридски“ во нас. Сењак во Штип, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија. Митрополитот Брегалнички г. Иларион во своето празнично пригодно слово укажа на правилното православно живеење на луѓето, чистостата на Православието според учењето на Светите Вселенски Собори и Светите Отци, како и за прославувањето на Неделата на Православието.

По тој повод Митрополитот г. Иларион зедно со свештенослужителите празнично изнесоа икони и изврши Молебен за обраќање на оние кои заблуделе и отпаднале од Православната Црква по што православниот верен народ и се поклонуваа и ги бакнуваа иконите во знак на победа на Православието и враќањето на Светите икони во употреба.

 

Извор: http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/index.php/82-2010-01-15-21-45/2010-01-15-21-513/1259-2019-03-17-16-05-00