Скопје, 1ви март 2019 г.- храм на св.Петка, н.Црниче

На 1ви  март 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  •  Светите Дванаесет маченици
    што пострадаа во времето на Диоклецијан
  • Свети Марут
  • Преподобниот маченик Роман

 

Во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче, на денот на  празникот на светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан,свети Марут,преподобниот маченик Роман, Антонио Апостолоски, професорот во Македонската православна богословија „св.Климент Охридски“ во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Божествена Литургија на која бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.По отслужената  Литургија отец Владимир Белчовски отслужи мал петочен водосвет.

 

 

 

 

 

 

Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил.

Во таков случај, Светите отци нè учат: “Обнови ја молитвата; почни да се молиш одново - со усните, со умот, или со срцето - и ќе ти се врати онаа изгубена полнота. Човекот повторно ја наоѓа, доволно е само да се присили на молитва.“ 

Старец Ефрем Филотејски

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 Друго: