логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

  Скопје, 30ти јануари 2019 г,- храм на св.Петка,н.Црниче

 

 

На 30ти јануари  2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Преподобен Антониј Велики

 

На 30ти јануари 2019 година, во триесетипетата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот на Преподобен Антониј Велики, свештеникот Здравко Пејковски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот беседеше за житието на денешниот светител.

 

 

 

Поука на денот: Старец Јосиф Спилеот
Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува с? дотогаш, додека не се засити умот, така што молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што ќе стане како што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор.

 

  Скопје, 31ти јануари 2019 г,- храм на св.Петка,н.Црниче, на празникот на:

Свети Атанасиј Велики и Кирил Александриски

 

Умот твој од Христа просветлен, мноштво знаменија во зборови преточи, од кои ние душите ги напојуваме и во срцата ги собираме, о Атанасие, истоименит на бесмртноста кој Бога во Троица го запечати, во сечие срце кое по вистината трага. Моли се за нас пастиру Христов, чиј свет живот за спасение денес го величаме, и Бога го прославуваме, за  мажот благодатен  кого  Ангелите го воспеваат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Божествената Благодат бега од горделивиот и преминува кај смирениот. Оној што има високо мислење за самиот себеси, всушност е надвор од себе (безумен), бидејќи наместо да Му благодари на Бог за сите добра што му ги даде, тој Го онеправдува бидејќи за свои ги смета даровите Божји.

 

 

 Preminportal (k.t.)

 

Друго:



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »