27ми јануари 2019, лето Господово, манастир во Калишта- Рождество на Пресвета Богородица

 

ДВЕ  ПЛОДНИ СВЕТИЛА

 

27.01.2019 год. едната  света, соборна и апостолска  Цркви ги прославува:


•    Света Нина, просветителка на Грузија
•    Свети Сава, архиепископ Српски

Нивниот спомен молитвено се прослави во ставропигијалниот манастир во Калишта- Рождество на Пресвета Богородица. Отец Стефан Санџакоски отслужи света Златоустова Литургија, на која верните вкусија Тело и Крв Христови. А на крај како круна на се беше неговото слово во кое не поучи со зборовите на великиото руско светило Серафим Саровски- не осудувај; осудувај се самиот себе, така Бог нема да те осуди во осмиот ден.

Да си пружиме љубов едни на други како нашите претци, светите Сава и Нина, најпрво во домот, па во сосетството па во селот па во градот, да станеме достојни да се наречеме  христијани и така да биде и нашата тактовина Макеоднија со љубов во единство како вистинска христијанска православна земја.

 

 

 

 

 

 

 Подготви: Дејан Блажески

 

 

 

Калишта, 27ми јануари лето Господово 2019