Светиите се најблескав украс на Црквата Христова и нивните житија ги напојуваат срцата на верните со рајска сладост. Тие се толку прекрасни и возвишени, што лесно ја привлекуваат кон себе христољубивата душа, радувајќи ја со „неискажлива и прославена радост“ (1. Петар 1,8). И не само што ја радуваат, туку Светиите на некој таинствен, благодатен начин им се приближуваат, им се откриваат на оние што ги љубат и се трудат да ги подражаваат нивните животи.
Ете и денес ликуваше родниот град на преподобниот Јоаникиј од Ракотинци.
Со Божественото величие на денешното ликување духовно се радуваа не само верници во свето Троицкиот храм во наслеба Црногорци- Охрид, ами и ангелите Божји, душите на светиите и праведниците, како и Светата Гора Атонска, Бугарската и Романската патријаршија, Грчката и Албанската архиепископија,  кои имаат делче од чесните мошти на ово велико светило на православната Црква.
А на крај нашиот возљубен јереј Александар Димоски со своето слово не пучи:
Најнапред  бидете луѓе и изорајте ја нивата на животот за да даде добри плодови.

Бог се јави!

 

 

 Подготви: Дејан.Блажески