Скопје, 19ти јануари 2019г.-храм Рождество на Пресвета Богородица
На 19ти јануари.2019 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на Светото Богојавление,во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, во присуство на броен верен народ, како и на Амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Баздникин со сопругата, проф.д-р Велимир Стојковски, градоначалникот на Општина Центар г-дин Богдановиќ, беше отслужена света архиерејска Литургија,на која чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија, г.г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија.По завршувањето на Литургијата, се изврши чинот на Голем Богојавленски водосвет,а потоа со свечената литија, предводена од Архиепископот г.г. Стефан поворката се упати кон водите на реката Вардар, каде според традицијата, по осветување на водите на реката беше фрлен Крстот. На Богојавленското празнување присуствуваа и претставници од Владата на Р. Македонија.
„Човечката природа Христова послужи како можност за откривање на Света Троица. Затоа, Богојавление, празникот на Христовото Крштение го славиме толку свечено: се празнува откривањето на Света Троица бидејќи се слушна гласот на Отецот, а беше присутен и Светиот Дух во вид на гулаб. “
Преминпортал (к.т.)
19ти јануари 2019 лето Господово
- СВЕТО БОГОЈАВЛЕНИЕ НА ГОСПОД БОГ И СПАСИТЕЛ НАШ ИСУС ХРИСТОС (19.01.2019)
- Од Верскиот календар на МПЦ (19.01.2019)