Скопје,н. Аеродром,25-ти декември  2018 - храм на св.пророк Илија

На 25-ти декември  2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски  

sv.Spiridon.Trimifunski.jpg

Тропар, глас 1

На Првиот Собор се покажа поборник и чудотворец, богоносен Спиридоне, отче наш. Затоа, мртовец ти од гроб повика, и змија во злато претвори, и кога пееше свети молитви, Ангели ти сослужуваа, свештен. Слава на Оној што ти даде сила, слава на Тој што те овенча, слава на Оној што преку тебе сите ги исцелува.

 

 

Во триесеттата  недела по Педесетница, на денот кога Светата Христова Црква молитвено го прослави  споменот на свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски  , во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, отец Златко Малинов во сослужение на ѓаконот  Александар Брајановски отслужи  Божествена  Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Отец Златко од житието на светителот даде повеќе случувања во неговиот земен а подоцна и небесен живо.

 

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (К.Т.)

 

 

 

 Друго: