логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 промоција дке 2

 „Кога го видоа гробниот влез и, не поднесувајќи го блесокот на ангелот, мироносиците со трепет се чудеа и говореа: Зар е украден Оној што на разбојникот рајот му го отвори? Или, пак, стана Оној Кој и пред страдањето проповедаше Воскресение? Навистина Воскресна Христос, давајќи им на оние во адот живот и воскресение“ (седален воскресен глас 4, во Недела на утрена).

промоција дке 11

 

Црковниот живот на просторите на Дебарско-кичевската епархија има свои корени уште од ранохристијанскиот период, но особен печат, како своја „домашна“ црква, остава Охридската архиепископија. Иако не секогаш била во својот најголем подем, и не секогаш била раководена од свои словенски архиереи, споменот за неа и духовните традиции што таа ги испишала врз „плочките од срцето“ на верниот народ никогаш не исчезнале од колективната и црковната меморија на жителите на овие простори. И токму на тие црковно-духовни традиции се темели и Дебарско-кичевската епархија, која минатата 2017 година го прослави 50 годишниот јубилеј од нејзиното формирање како таква. За доброто на епархијата и за доброто на верниот народ се грижеле многу луѓе, на кои никогаш нема да им го заборавиме делото, но кога денес ќе се спомне Дебарско-кичевската епархија, како што кажа и нашиот теолог и професор, м-р Виктор Недески, таа се поистоветува со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. И тоа не е случајно. Митрополитот Тимотеј раководи мудро со епархијата повеќе од 37 години, а во негово време се обновени и изградени најголемиот број од црквите, манастирите и конаците. Неговата, пак, дејност, не застанува само со градителската грижа. Митрополитот Тимотеј низ сето свое архипастирствување посветува особена грижа на воспитувањето и образованието на нови кадри, а не помал труд има вложено и во издавањето на голем број богословска литература, стручно-научна и пастирска, од која богословите и верниците можат да ги надградуваат своите знаења и да се поучуваат.

 промоција дке 4

промоција дке 5

промоција дке 7

промоција дке 10

Големиот Јубилеј беше поводот да се роди една прекрасна идеја кај нашиот Митрополит, за создавање на монографија, посветена на Дебарско-кичевската епархија. Излегувањето на ова капитално дело и неговата промоција, беше причината поради која денеска, на 16.12.2018 година, во Дваесет и деветтата недела по Педесетница, се собравме во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид. Најпрво беше отслужена света архиерејска Литургија, на која, во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитите Петар, Агатангел, Пимен, Иларион, Јосиф и Јосиф, епископите Климент и Јаков, архимандритите Нектариј и Григориј, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Никола Христоски, Сашо Богданоски и Игор Никовски, игуменот Агатон, свештениците Димче Азески и Љупчо Бакрачески, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконите Сашо Ристов и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Дејан Борисов, Васил Ристовски и Христијан Костоски. На крајот на Литургијата, Митрополитот Пимен се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.
промоција дке 11
 
промоција дке 14
По завршувањето на Литургијата, беше промовирано делото Дебарско-кичевска епархија (1967-2017). Промотори на истото беа акдемикот г-дин Таки Фити и Епископот Хераклејски г. Климент, а промоцијата ја водеше м-р Виктор Недески. Академикот Таки Фити се задржа на првиот дел од книгата, во кое свои авторски текстови имаат еминентните професори и научници: академик Вера Битракова Грозданова, проф. д-р Сашо Цветковски, проф. д-р Александар Трајаноски и проф. д-р Дејан Борисов. Академикот Фити имаше пофални зборови за сите кои дале свој придонес во ова капитално дело, а упати честитки и пофалби и до главниот уредник - Митрополитот Тимотеј. Епископот Климент се задржа на вториот дел од делото, кој го зафаќа и најголемиот дел од книгата, а претставува шематизам на Дебарско-кичевската епархија. Епископот Климент упати особени честитки до авторите на овој дел: свештеникот Димче Азески, кој го напиша делот посветен на манастирите, како и протоерејот-ставрофор Игор Никовски, кој го напиша останатиот најголем дел од ова дело, а се погрижи и за техничкото уредување, кое со својата концизност, јасен стил и убаво скроени статистики, навистина восхитува. Епископот Климент упати особено пофални зборови кон Митрополитот Тимотеј, за неговата грижа и неуморен труд во неговата дејност како архипастир на овие простори, а на крајот, упати и апел до сите архиереи, ова монументално дело да биде поттик за создавање на уште вакви историски дела. На самиот крај од промоцијата, свое обраќање имаше и Митрополитот Тимотеј, кој се заблагодари на сите кои вложиле дел од својот живот за доброто на Епархија, на сите кои дадоа свој труд во креирањето на оваа монографија, а се заблагодари и на сите архиереи, свештенството, монаштвото, како и на сите верници, кои денеска зедоа учество во овој голем ден.
 
Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Пимен.

 промоција дке 21

 
Митрополит Пимен

 промоција дке 22

Стани и оди си. Верата твоја те спаси.

 промоција дке 24

Зборови изговорени од Христа, а зборови толку посакувани да бидат чуени од секого од нас кој се нарекува Христијанин, бидејќи, „живееме ли, умираме ли, Господови сме“ и не сме епизодни, па, кога ќе застанеме пред лицето на Нашиот Бог Света Троица на Страшниот Христов суд, безрезервно веруваме и се надеваме овие зборови да ги чуеме од Бога како што Самарјанинот кој се вратил и заблагодарил на Бога за очистувањето ги чул, за токму преку овие чуени зборови да можеме да се вратиме во Домот на Нашиот Отец Небесен, во градината на нашите прародители Адам и Ева.

Попусто и суетно сме живееле на овој свет, ако на крајот на нашиот живот не ги чуеме од праведната уста на Нашиот Праведен Судија и човекољубив Спасител овие зборови дека верата наша нè спасила. И често ќе се запрашаме, но нели е тоа тешко и кој е патот што треба да го изодиме до небесата, па да застанеме пред Бога и да ги чуеме зборовите за нашата вера и спасението.

Но Господ Бог секогаш ни го дава одговорот и како и секогаш за утеха денес во евенгелието го чувме и рецептот како да постапуваме за да ги чуеме еден ден овие спасителни зборови.

И така.

Да бидеме истрајни во молитвата како десетмината лепрозни кои со силен глас викаа кон Христа со непрестајна молитва: „Исусе Наставниче, смилуј се!“, подобно на исихастите кои деноноќно повикуваат: „Господи Исусе Христе Сине Божји, помилувај ме мене грешниот“.

Никогаш да не се сомневаме дека во движењето низ искушенијата на земниот живот ќе се очистиме од сите валканици и болести на телото и духот, како што се очистиле лепрозните од Евангелието по патот кога оделе да им се покажат на свештениците, како и ние кога одиме да се претставиме пред Отецот Небесен.

И најважно, во овој евангелски рецепт за стекнување на спасението преку верата, е благодарењето. Затоа што десетмина се очистиле, но само еден се вратил да се заблагодари на Христа и само еден единствен од сите нив ги чул спасителните зборови од Бога.

Каде се деветтемина? Каде се оние што добиле исцеление од болеста на телото, но не и исцеление на болестите на душата затоа што не се вратиле и незаблагодариле? Каде е мноштвото народ денес кој подобно на телесно исцелените од евангелието откако ќе се исцели преку верата и причестувњето со Телото и Крвта на Христа Бога на литургиите, на евхаристијата (благодарењето) потоа повторно се враќа во трњето на секојдневните искушенија и заборава да благодари за секој еден утешен збор чуен од неговиот духовен отец, од парохиското свештенство и архиереите на својата црква, туку на место благодарење од нивните усти ќе чуеме осуда, ќе чуеме закани, клевети, сомнежи и разочарувања. Не енаше да вратме со иста мера, за окото око да бараме и за забот заб, туку да Му благодариме на Бога и за сите нив што ни ги доверил во нашето стадо за заеднички да се спасуваме преку осудите нивни и нашите простувањата.

А Милостивиот Господ Бог не ни дава никогаш искушение кое е посилно од нас, коешто не би можеле да го носиме на нашиот грб. И ако благодариме ќе добиваме и благодатни и аскетски периоди кои постојано ќе се испреплетуваат низ нашиот живот, и преку тоа без сомнеж ќе ги чуеме и Христовите зборови: „верата твоја те спаси!“

И не само зборовите од денешното евангелие на ова нè учат и ни го потврдуваат, туку и животите на сите оние свети луѓе кои што живееле на земјата со Бога во срцата и молитвата на усните. Сите тие денес се наши молитвеници пред Бога на Небесата, а ние Му благодариме на Христа што ни ги дал и за пример и за молитвеници.

Особено Му благодариме за и на оние свети луѓе кои што живееле на нашиве македонски простори што покажале дека оваа земја е погодна за спасение и осветување. И за овој град како седиште на древната Охридска архиепископија со епитет Славјански Ерусалим. Им благодариме денес на Господа и ним затоа што благодарение на спроведувањето на евангелието во сопствените животи благодареле на Бога и ја добиле Архиепископија пред точно 1000 години и нас нè задолжиле да го прославиме овој едномилениумски јубилеј, но и јубилејот на мисијата тргната од овие простори на северот во Моравија, за да се проповеда евангелието низ народот на свој разбирлив јазик пред 1155 години.

Благодариме на Бога и за оние храбри мажи, со вера, од втората светска војна кои пред 75 години во Издеглавје се собрале и дали насоки и заклучоци дека треба и мора да се возобнови Охридската Архиепископија. Благодариме и на оние верни луѓе што пред 60 години ја возобновија оваа древна архиепископија во лицето на МПЦ. Благодариме и на оние луѓе што не задолжиле нас денес да го прославиме и овој денешен јубилеј од 50 години ставени во монографија како постои оваа Дебарско-кичевска епархија. Благодариме на Бога за сите убавини што ги распослал низ епархијава славеник, а воедно му благодариме и на возглавителот на епархијава г. Тимотеј за поканата соборно, како свет Синод на нашата Светиклиментова цркв,а да заедничариме и благодариме во овој храм на Премудроста Божја и со тоа да ја завршиме оваа јубилејна година за МПЦ.

Да Му благодариме на Христа Бога и за ова парче земја што ни го дарувал и зачувал за на него и своја црква да основаме и низ молитвите промолитвени во сите манастири и цркви низ неа да Му се молиме Нему и да Му благодариме во недежта дека од Него ќе ги чуеме оние насушни за нас и нашето спасение зборови: „Верата твоја те спаси!“

Нека ни се вечни сите јубилеи низ годинава зад нас и дај Боже уште многу години и многу нови јубилеи кои ќе ни бидат причина плус постојано да Му благодариме на Бога за сите и за сè.

И о всјех и за всја.

Нека си спомне Господ Бог денес за сите возглавители на епархијата, митрополитите Методиј и Ангелариј, и за прерано упокоеното чедо Јован и нека им подари Царство Небесно и вечен спомен.

 промоција дке 26

промоција дке 27

промоција дке 28

промоција дке 30

промоција дке 31

промоција дке 33

 промоција дке 34

промоција дке 35

Охрид

16.12.2018

http://www.dke.org.mk/index.php/3131-1967-2018

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная