Скопје, 18ти декември 2018 г.- храм на св.Петка, н.Црниче

 

 

На 18.12.2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

vozdvizenie.jpg

Свети Сава Осветен

vozdvizenie.jpg

Преподобен Нектариј Битолски

 

 На 18ти декември 2018 годинана, во дваесетидеветата недела по Педесетница, на  празникот на Преподобен Нектариј Битолски и Свети Сава Осветен, презвитер Александар Најдовски во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Божествена  Литургија во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче.На Литургијата бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 Старец Софрониј

Христос рече: Ако некој ...не ги намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик (не може да Ме следи) (Лука, 14, 26). Ова Слово Господово е многу сериозно. Не станува збор за една кариера и за дребните нешта од овоземниот живот, туку за совладување на страстите и гревовите на овој свет, за да живееме вечно со Отецот. После падот, човековата природа во сите свои пројави се противи на она што небесниот Отец го очекува од нас. Еве, зошто сме должни да се намразиме себеси во состојбата во која се наоѓаме во овој свет после падот. Нашиот ум низ послушанието може да стане чист пред Бога! Кој ги љуби татка си и мајка си или своите деца повеќе од Мене, не може да појде по Мене! За луѓето од овој свет, нема ништо пострашно од овие зборови. Дотолку повеќе, должни сме да успееме да го надминеме сето она што нè врзува со нашите најблиски. Инаку, никогаш нема да стигнеме во сесветската и апсолутна љубов Божја.

 

 

Preminportal (k.t.)

Друго: