Скопје, 18-ти ноември 2018 г.- храм на св.Јован Крстител на празникот на

Свети Јона, архиепископ Новгородски;Светите апостоли Патров, Ерма, Лин, Гај и Филолог

 

Во десетипетата  недела по Педесетница, на денот кога Светата Христова Црква молитвено го слави споменот на Свети Јона, архиепископ Новгородски;Светите апостоли Патров, Ерма, Лин, Гај и Филолог , во храмот на св.Јован Крстител, во скопската населба Аеродром, отец Златко Малинов отслужи   Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата во своето слово отецот го протолкува денешното Евангелие.

 

Чувството на благодарење во моментите на искушенија претставува сила која ги изгонува нападите на искушенијата. Оној кој сака да ги победи искушенијата без молитва и трпение нема во ништо да успее. Наместо да ги изгонува, тој сѐ повеќе се заплеткува во нив. Кога ќе те нападне искушението, не ја испитувај причината ниту личноста преку кои тоа дошло, туку гледај како ќе го истрпиш а да не те обземе штетна тага или братоубивствено злопаметење.- Авва Марко

 

 

 

 

Малата Варвара боледува и потребно е најбрзо што може да се оперира. Во храмот на св.Јован Крстител , во скопската населба Аеродром поставена е за прилози донаторска кутија.Отец Златко Малинов по Литургијата упати молба до сите присутни, кој колку може да приложи.

Скопјани ако сте во можност донирајте во храмот на св.Јован Крстител (до „Авионот“)

 

 Преминпортал (к.т.)