Скопје, 11 ноември  2018 лето Господово- храм на св.Јован Кртител, н.Капиштец, молитвено се прослави споменот на:

Преподобната маченичка Анастасија Римјанка

 

 Во дваесттата  недела по  Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот на  Преподобната маченичка Анастасија Римјанка, ереј Игор Острески  во сослужение на ѓаконот Игор Трпкоски  отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец. .Во текот  на Литургијата отецот произнесе беседа: 

 

 

„Кога човекот преку смртта ќе се ослободи од земните врски, тој набргу ќе го запознае вечното блаженство на небото, подготвено за праведниците уште од создавањето на светот. Ние сме повикани да покажеме љубов и послушност исполнета со вера, надеж и зависност од Бога. Тоа е вистинското библиско значење на верата, бидејќи верата не е само интелектуално прифаќање, туку цела содржина на човекот и неговиот живот. Таа вера е предуслов за спасение.
Да се помолиме браќа и сестри на нашиот Господ Исус Христос, преку молитвите и застапништвото на Пресвета Богородица и на сите светии, Господ да ни даде силна вера како на крвоточивата жена и смирениот Јаир и секогаш да знаеме, дека каква болест и мака да имаме, најголем и единствен лек се покајанието, исповедта и причесната. Амин!“

 

 

 

 Преминпортал (.к.т.)