На 4-ти ноември 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

sv.Averkij.Ramnoapostolen.jpg

  • Свети Аверкиј Рамноапостолен
  • Преподобен Лот

 

 

 

 

 

 

 На 4-ти  ноември 2018 година, во дваесетивтората недела по Педесетница, кога Македонската православна црква-  Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот на свети Аверкиј Рамноапостолен,преподобен Лот, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски во сослужение на свештеникот Ангел Сердарски и ѓаконот Методиј  Митановски, отслужи Божествена Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 Свети Симеон Нов Богослов

Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит.

 

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)