логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Калишта, Струга, 6-ти октомври 2018 г.- храм Рождество на Пресвета Богородица

Во годината кога прославуваме 1000 години од Охридската архиепископија и

60 години од Македонската православна црква- Охридска архиепископија

 

 

 

„На 6 и 7 октомври 2018 година, во Калишта, се одржа јубилејниот Архиепископски црковно-народен собор на МПЦ-ОА, по повод 60-годишнината од Вториот црковно-народен собор, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, на кој беше прогласено возобновувањето на Охридската Архиепископија и беше избран првиот Архиепископ г.г. Доситеј.

 Соборот започна на 06 октомври, и како што доликува на секое христијанско собрание, истиот започна со Призив на Светиот Дух, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, Струга.“

 

 

Ѓаконот: Пак и пак, коленопреклоно да се помолиме на Господа.
Архиерејот ја чита оваа молитва:
    Боже, Боже наш, со Твојот образ си нè украсил нас, луѓето, и си нè облекол со слободна волја. Ти, Владико Седобар, кога влезе во храмот, во деновите на преполовување на празникот, ги учеше луѓето, коишто се чудеа на Твоето учење. Давид, пак, вели: дојдете чеда при мене, на страв Господов ќе ве научам. Ти си го научил Соломона на мудрост. Погледни сега, Создателу и Творецу на овие Твои луѓе, и дарувај им мудрост и разум за да ја разберат Твојата света волја. Стопли им го срцето, за да Те љубат Тебе и ближните, упати ги на патот на вистината и правдата, оттргнувајќи им го срцето од пристрасност и поткупливост, и соедини ги во мислите и чувствата, и всели во нив братољубие, и благослови ги за добро и полезно дело. Дарувај ни на сите нам, особено на светата Црква, богољубивиот народ и татковината, полза од мудрото дејствување на овие претставници на народот.

 

 

 

 

О, премилостив Господи, Боже наш, Боже на добрините и на секоја утеха, не одвраќај го лицето Твое од нас и не посрамувај го очекувањето наше, зашто ние се надевајќи се на Тебе, Ти се молиме: дај ни мир, спокојство, единство на духот, согласност и добро напредување, благотворен воздух, изобилство на земни плодови и се што е потребно за за привремениот и за вечниот живот. Зашто единствено Ти знаеш од што имаме потреба, и ни даваш уште пред да побараме, и даровите ги правиш сигурни.
    Возглас: Зашто Ти си Бог, силен во милоста и благ во крепоста, тебе Ти доликува секоја слава, чест и поклонување, на Отецот и Синот и Светиот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови.
    Народот: Амин.
    Клирот го започнува големото славословие, потоа многулетствие и отпуст.
    Архиерејот со крстот ги благословува сите, и кога го целиваат крстот, секого го благословува и го попрскува со осветена вода.“

 

 

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

 

ЧИН  НА МОЛИТВЕНО  ПРИЗИВАЊЕ  НА  СВЕТИОТ  ДУХ  ПРЕД  РАБОТАТА  НА СОБОР, СОБРАНИЕ

    Ѓаконот: Благослови, Владико.
    Архиерејот: Благословено е нашиот Бог, постојано, сега и секогаш, и во вечни векови.
    Народот: Амин.
    Клирот пее: Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и се исполнуваш, ризницо на добрини и Животодавче, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија, и спаси ги, Благи, нашите души.
    Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нѐ. ( 3 - пати )
    Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
    Пресвета Троице, помилуј нѐ. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите немоќи, заради Твоето име.
    Господи, помилуј. ( 3- пати )
    Слава, и сега ...
    Отче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насуштен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.
    Возглас: Зашто Твое е царството и силата и славата на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
    Дојдете да се поклониме на Царот, нашиот Бог.
    Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Христа, нашиот Цар и Бог.
    Дојдете да се поклониме и да паднеме пред Самиот Христос, нашиот Цар и Бог.
    Псалм 33:
 Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста. Со Господа ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат. Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово. Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави. Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема да се посрамат. Кога несреќниот вика, – Господ го услишува и го спасува од сите негови беди. Ангел Господов застанува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува. Вкусете и ќе видите, колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се надева! Бојте се од Господа, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои се плашат од Него. Осиромашеа и огладнеа богатите, а оние што Го побараа Господа, не ќе бидат лишени од секакви добра. Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да се боите од Господа. Сака ли човек да живее и да види добри денови, нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги, нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него. Очите на Господа се обрнати кон праведниците, и ушите Негови – кон молитвите нивни. Но лицето на Господа и против оние што вршат зло; ќе го истреби од земјата споменот за нив. Повикаа праведниците, и Господ ги услиши и ги спаси од сите маки нивни. Блиску е Господ до оние со скрушено срце, и смирените по дух ќе ги спаси. Бројни се маките на праведниците, но од сите нив Господ ќе ги избави. Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се строши. Зла смрт го снаоѓа грешникот, а оние, што го мразат праведниот, ќе загинат. Господ ќе ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои се надеваат на Него, нема да погрешат.
    Алилуја 3 пати;
    Надеж наша Господи Слава тебе!

Голема ектенија:    
    Ѓаконот: Во мир да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За мир од висините и за спасение на нашите души, да     се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За мир во целиот свет, за благосостојба на светите Божји цркви и за соединување на сите, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За овој свет храм и за оние коишто со вера, набожност и страв Божји влегуваат во него, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За Блаженејшиот Архиепископ (или: за високопреосвештениот митрополит, или: за преосвештениот епископ) наш (името), за чесното свештенство, во Христа ѓаконството, за сиот клир и за сите луѓе, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За благочестивиот православен народ наш, и за христољубивото воинство, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За да помага и да покори под нозете нивни секој непријател и противник, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За овој град (или: за ова село, или: за оваа света обител), за секој град, земја, и оние кои¬ што со вера живеат во нив, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За благопријатен воздух, за изобилие на земни плодови и мирни времиња, да се помо¬ лиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За оние коишто пловат, патуваат, боледу¬ ваат, страдаат, за заробените и за нивно спасе¬ ние, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За да го слушне сега гласот на молењето од нас, Своите недостојни слуги, и добрата намера и желба на овие Свои верни луѓе да ја исполни за добро, да се помолима на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За да Го испрати врз овие верни луѓе Духот на премудроста и разумот, и да им го отвори умот и устата, и да им ги просвети срцата, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За да им ја подаде премудроста, што седи на престолот Негов, и да ја всели во срцата нивни, за да ги научи што е благоугодно пред Него, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: Преку мудроста и добродетелниот живот, и исповедањето на православната вера да бидат радост и утеха на нашиот народ, и тврдина на светата Црква, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За да ја сочува нашата татковина и луѓето кои овде стојат и се молат од секаква скрб, беда, гнев и опасност, и од сите видливи и невидливи непријатели; и Своите верни секогаш да ги заштити со здравје, долг живот, мир, и со војската на Своите ангели, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: За да им даде на овие одбрани верни луѓе едномисленост, согласност, добра желба, мудро делување за доброто на народот, татковината и светата Црква, да се помолиме на Господа.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: Заштити, спаси, помилуј и запази нѐ, Боже, со Твојата благодат.
    Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: Пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, откако ја спомнавме со сите Свети, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
    Народот: Teбе Господи.
Возглас: Зашто Тебе Ти прилега секоја слава, чест и поклонение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народот: Амин.
    
    Потоа: Бог Господ ни се јави, благословен е Оној, Кој доаѓа во името Господово.
    Тропар, глас 8-ми:
    Благословен си, Христе, Боже наш, Ти ги направи риболовците премудри, испраќајќи им Го Светиот Дух; преку нив ја улови вселената, Човекољупче, слава Ти.
    Слава, и сега ... глас 6-ти:
    Застапнице на христијаните непосрамена, Посреднице пред Творецот неизменлива, не презирај ги молитвените гласови наг решните, но поитај, како добра, да ни бидеш на помош на сите нас, кои со вера ти викаме: побрзај на молитвата и поитај на молењето, застапувајќи се секогаш за нас кои те почитуваме тебе, Богородице.
Ѓаконот: Да внимаваме.
Архиерејот: Мир на сите.
    Прокимен, глас 4-ти: Светлината на Господа, нашиот Бог, нека е врз нас, и делата на рецете наши нека ги води.
    Читачот: Ќе се чита од посланието на светиот апостол Павле до Ефесјаните. (зач. 218, Еф. 1,16-23 )
    Браќа, не престанувам да Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои, та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение, за да Го познаете, и да ги просвети очите на срцата ваши, за да увидите, во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светите, и колку е неизмерна величината на Неговата сила вон ас, кои веруваме преку дејството на Неговата крепка сила. Таа сила Он ја покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата, повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име, со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот, и сѐ Му се покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата, која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.
    Народот: Алилуја. ( 3-пати )
Ѓаконот: Премудрост, простум да го ислушаме светото Евангелие.
Архиерејот: Мир на сите.
Ѓаконот: Ќе се чита од светото Евангелие според Матеја. ( зач. 90, Мт.22,15-22)
    Во она време, фарисеите отидоа и се договорија како да Го фатат во некој збор. И ги испраќаа при Него своите ученици, заедно со некои иродовци, говорејќи: – Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од никого, бидејќи не гледаш кој е кој; затоа кажи ни; како Ти се чини: треба лид а се дава данок на царот или не? Но Исус го разбра лукавството нивно и рече: – Што Ме искушувате, лицемери? Покажете Ми една даночна пара! Тие Му донесоа еден пенез. И им рече: – Чиј е овој лик и натпис? Тие Му одговорија: – На царот. Тогаш им рече: – Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога! И штом го чуја тоа, тие се восхитија, Го оставија и си отидоа.
Потоа ѓаконот ја кажува ектенијата:
    Помилуј нè, Боже, по Твојата голема милост, Ти се молиме услиши нѐ и помилуј.
    Уште се молиме за благочестивиот, христољубив и православен народ наш.
    Уште се молиме на Господа, нашиот Бог, милостиво да погледне на овие луѓе, и да Го испрати во нивните срца, ум и уста Духот на премудроста, разумот и благочестието и стравот Свој, и да ги просвети со светлината на Своето благоразумие, и да ги украси со сите добри дела, за слава на Неговото пресвето име, и за добро на татковината и народот наш, и да им дарува здравје и долг живот, заради изградување и слава на Црквата Своја; да речеме сите, Господи послушај и милостиво помилуј.
    Улиши нѐ, Боже, Спасителу наш, надеж на сите краишта на земјата и кои се далеку на море, и милостив, милостив биди, Владико, за нашите гревови, и помилуј нè.
    Зашто си милостив и Човекољубец Бог, Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот: Пак и пак, коленопреклоно да се помолиме на Господа.
Архиерејот ја чита оваа молитва:
    Боже, Боже наш, со Твојот образ си нè украсил нас, луѓето, и си нè облекол со слободна волја. Ти, Владико Седобар, кога влезе во храмот, во деновите на преполовување на празникот, ги учеше луѓето, коишто се чудеа на Твоето учење. Давид, пак, вели: дојдете чеда при мене, на страв Господов ќе ве научам. Ти си го научил Соломона на мудрост. Погледни сега, Создателу и Творецу на овие Твои луѓе, и дарувај им мудрост и разум за да ја разберат Твојата света волја. Стопли им го срцето, за да Те љубат Тебе и ближните, упати ги на патот на вистината и правдата, оттргнувајќи им го срцето од пристрасност и поткупливост, и соедини ги во мислите и чувствата, и всели во нив братољубие, и благослови ги за добро и полезно дело. Дарувај ни на сите нам, особено на светата Црква, богољубивиот народ и татковината, полза од мудрото дејствување на овие претставници на народот.
    О, премилостив Господи, Боже наш, Боже на добрините и на секоја утеха, не одвраќај го лицето Твое од нас и не посрамувај го очекувањето наше, зашто ние се надевајќи се на Тебе, Ти се молиме: дај ни мир, спокојство, единство на духот, согласност и добро напредување, благотворен воздух, изобилство на земни плодови и се што е потребно за за привремениот и за вечниот живот. Зашто единствено Ти знаеш од што имаме потреба, и ни даваш уште пред да побараме, и даровите ги правиш сигурни.
    Возглас: Зашто Ти си Бог, силен во милоста и благ во крепоста, тебе Ти доликува секоја слава, чест и поклонување, на Отецот и Синот и Светиот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови.
    Народот: Амин.
    Клирот го започнува големото славословие, потоа многулетствие и отпуст.
    Архиерејот со крстот ги благословува сите, и кога го целиваат крстот, секого го благословува и го попрскува со осветена вода.

ПП (к.т.)

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная