Скопје, 23.09.2018 лето Господово- храм Свето Благовештение

„Кога се молиме со болка и со смирение,

Бог ја слуша молитвата и

одговара согласно со она што ни е од полза.“

 

 

 

На 23-ти септември 2018 година, во седумнаесеттата  недела по  Педесетница (пред Воздвижение) протопрезвитер  Душко Наумовски  отслужи Божествена Литургија во храмот на Свето Благовештение- во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот во беседа, за вниманието со кое треба да се однесуваме кон духовниот раст, како и за значењето на престојниот празник Воздвижение на чесниот Крст- Крстовден (кој е еден од празниците кои не го менуваат датумот на прославувањето), укажа на големината на крстот во нашиот живот и со колку големо внимание треба да се однесуваме кон него.

 

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 

Друго: