Скопје, 7-ми септември 2018- храм на св.Петка, н. Црниче

 

На 7-ми септември 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

 

 

Во дванаесеттата  недела по  Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот на Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј , свештеникот Зоран Велковски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Вообичаено, секој петок во овој храм по Литургијата се прави мал петочен водосвет, а денес тоа го направи протаереј Јован Ристовски.