Скопје, 2-ри септември 2018-храм Рождество на Пресвета Богородица

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Понекогаш, кога љубовта Христова нè допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.

-Старец Софрониј

 

 

На 02.09.2018година, кога Светата  Црквата молитвено го прославува споменот на Светиот пророк Самуил , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Игор Димитриевски во сослужение на свештеникот Ангел Сердарски  и ѓаконот Методиј Митановски, отслужи Божествена Литургија. Бројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа. На крајот, на оваа молитвена богослужба на радост на верниците им се подеиа  „МОЛИТВИ ЗА УЧЕНИЦИ“.

 

 

 

 

 

 

 


„Јунците мои и сè што е угоено се заклани,  и сè е готово; дојдете на свадба“(Матеј 22: 4)
„Многупати досега сме го слушнале толкувањето на оваа споредба. Сепак, да се потсетиме дека во приказната за големата гозба, по повод свадбата на царскиот син, светите отци ја гледаат Црквата, ја гледаат благодатта, светите Тајни, а особено, светата Тајна Причест. Домаќинот, царот, кој приредува свадба е нашиот Спасител. Неговата куќа е Црквата, а богато сервираната маса е светата Причест. Исус, Кој е Бог и Господ, ги поканува сите да дојдат. Ниту еден домаќин во светов не е во состојба да понуди нешто повеличенствено од Христа, Кој со Својата човечка и божествена природа е леб и вино за нас – леб за вечен живот и вино за бескрајно блаженство. А на свадбата, на која сме поканети, Он на Својата маса ни го сервира непроценливото богатство на Својата благодат.
Меѓутоа, факт е дека многумина од поканетите не се отповикале на поканата да дојдат на свадбата. Едни заминале „на нива“, други „по трговија; а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмеаја и ги убија“ (22: 6). Повиканите учтиво се извинуваат. Небесниот Отец им нуди спасение и небесна слава, а тие велат дека земните интереси и радости за нив се поважни. Свадбата е слика на вечното блаженство, а поканетите, замислете, ѝ даваат предност на сегашноста.
Христовата проповед за Божјото царство, од нас бара жртва и совладување на грижите за овој свет. Додека богатите и угледни народни првенци ги отфрлале сите повици и покани, сиромашните и понижените се јавиле на Христовата покана „и се наполни свадбениот дом со гости“.

Свештенството на храмот Рождество на Пресвета Богородица, подели на верниците брошуричка за молитви на учениците пред учењето, по завршувањето, и кон Пресвета Богородица. Ова е многу благороден и грижлив потек на Скопската епархија за успешна учебна година на сите дечиња, како и на сите оние кои се молат за успех во учењето.

 

 Преминпортал (к.т.)

 Друго: