усппресбог2018 1

 усппресбог2018 2

 усппресбог2018 3

† УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

    Објавено: 28 Август 2018

„Мноштвото апостоли, на Сион собрани, со свои зборови го придружуваа божествениот и свет ковчег, викајќи: Каде одиш сега, Скинијо на живиот Бог? Не престанувај да бдееш над оние што пеат со вера: Ние, избавените, Го воспеваме единствениот Создател, и Го превозносиме во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на празникот Успение на Пресвета Богородица).


усппресбог2018 4
 
усппресбог2018 6

усппресбог2018 8

усппресбог2018 9

усппресбог2018 11

усппресбог2018 12
Празникот на сесветото преселување на Скинијата на Животот, Мајката Божја, беше свечено и торжествено прославен и оваа година, а централната прослава во нашата епархија беше во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид. Празнувањата започнаа во вечерните часови на 27 август, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Веечрната служба, беше изнесена за целивање плаштаницата на Успението на Пресвета Богородица, над која се пееја статиите од опелото на Пресвета Богородица. Потоа се изврши и литија со плаштаницата околу светиот храм.
усппресбог2018 17
 
усппресбог2018 18
Прославата на Успението на Мајката Божја продолжи утредента, во истиот храм, каде што беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, протоереите Томислав Илиески и Љупчо Симиџиески, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
усппресбог2018 19

усппресбог2018 21


 усппресбог2018 20



Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри,

Не може ниту нашиот ум, ниту нашите солзи и сè што би ни помогнало да ја искажеме нашата благодарност кон онаа, која се појавува како подостојна од ангелите, почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите. Онаа, која во себе Го сместила Несместливиот Бог. Онаа, која во рождеството го сочувала девството, а по своето успение, не ги оставила оние кои живеат во овој прекрасен, но, во исто време и злобен, гревовен и грешен свет.


Што значи таквата смрт? До доаѓањето Христово, а пред сè, до Неговото славно Воскресение, смртта била казна. Душите на луѓето оделе во преисподната земја, во најдолниот ад. Човечкиот род немал друг избор, друга надеж. По Воскресението на Господа Исуса Христа, смртта се разрушува и нејзината сила е обессилена. Сега, смртта, нема никаква сила над луѓето. По Воскресението смртта е дадена како некоја награда на луѓето, односно таа е успение и почивка на душите. Душите треба да заспијат, за да се разбудат за идниот живот. Да се разбудат во живот свет, благодатен и живот во Бога и во Неговата љубов.


Според провидението, Господ Исус Христос не сакал душата на мајката Божја да слезе во преисподната земја, онаму, каде што слезе Неговата душа, за да ги разруши преградите коишто човекот, со својот грев, ги издигна помеѓу себе и Бога. Бог допуштил Богородица да претрпи страдања во овој живот. Нејзиното срце било прободено со оружје, исполнето со горчини и страдања, но таа се молела и Му благодарела на Бога, Он да ѝ даде сила да ги поднесе сите тие страдања и маки за слава на својот Единороден Син.


Денеска светата Црква го прославува Успението на Пресвета Богородица. Тоа е голем празник. Ангелите се зачудиле како Синот, на Своите раце, ја носи душата на Својата мајка. Се зачудиле но и се зарадувале и Го опкружиле Создателот. Како што преку жена влезе гревот во светот, така и преку оваа Нова Жена – Новата Ева, се појавува Победителот на гревот. Се јавува лучезарната Светлина. Се јавува Сонцето на правдата, Господ Исус Христос.


Старозаветниот пророк Давид вели: „Скапа е во очите на Господа смртта на Неговите светии" (Пс 115, 6). Чија смрт би била поскапа од смртта на онаа којашто светата Црква денес ја прославува? Ако смртта на праведниците е раѓање за вечен живот, тогаш, што ќе кажеме за царицата наша, за мајката Божја? Уште од древните времиња, верниците, овој празник го нарекувале Успение на Пресвета Богородица. Мирно заспала, бидејќи не можела да умре. Таа не вкуси смрт, туку, се најде во прегратките на нејзиниот Син и наш Бог.


Денеска пееме: Во твоето успение не си нè оставила. Тоа сведочи дека каде и да се наоѓаме, ако ја повикаме Пресветата Богородица на помош, таа ќе ни одговори на нашите прозби и ќе ни помогне. Ги брише нашите солзи, ги зема нашите немоќи и со нејзината мајчинска љубов, на нејзините раце ги носи пред својот Син и наш Бог, Господ Исус Христос.


Денеска севкупниот свет е исполнет со пофалба кон неа. На нејзиното славно успение сè се радува. Се радува видливиот, се радува и невидливиот свет. Се радува разумното, се радува и неразумното.


Честопати не се замислуваме и запрашуваме доволно. Цариградскиот патријарх Тарасиј вели: Кон што се стремиме и што сакаме? Да застанеме сериозно за еден момент и да ги отвориме нашите срца кон мајката Божја и таа нема да нè остави. Да ги очистиме нашите души со покајание и да паднеме на колена молејќи со восхит: Пресвета Богородице спаси нè! Таа, ќе ги услиши нашите молби и прозби и ќе ни помогне.


Денеска, кога го прославуваме нејзиното Успение, да го свртиме нашиот поглед кон небото. Да заплачеме за нашите гревови, па така да бидеме достојни деца Божји. Должни сме секогаш да паметиме дека, за застапничка и молитвеничка, пред нашиот Творец и Спасител, ја имаме Пресветата Богородица.


Света Богородица нејзината милост и помош ја пројавува и преку нејзините многубројни чудотворни икони. Во една прилика, еден војник чекал во ред да се поклони на една од нејзините икони, односно, пред иконата Утеха на сите страдалници. Овој човек, чекајќи во ред, во себе, си го поставил прашањето: Како може Богородица да биде мајка на сите христијани? Истиот слушнал глас од иконата: За да ти бидам мајка, потребно е и ти, да ми постанеш достоен син.


Па и ние, драги браќа и сестри, кои се наоѓаме во овој свет храм, да ѝ се обратиме со искрена молитва на Пресвета Богородица. Да се поучиме од примерот на овој војник и од гласот на Богородица. Ако сакаме нашите молби и прозби да бидат услишани од Богородица, потребно е да се очистиме од секакви недостојности и со покајание и скрушеност да бараме помош од мајката Божја и тогаш, нашите моленија ќе бидат услишани и исполнети.


Пресвета Богородице помагај ни!

 усппресбог2018 23

усппресбог2018 24

усппресбог2018 25

усппресбог2018 26

Успение на Пресвета Богородица
28. 08. 2018 год.
Храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" – Охрид