На 28-ми август 2018 година, кога во Македонската православна црква – Охридска архиепископија молитвено се прославува Успение на Пресвета Богородица, во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово отец Фотиј во сослужение на отец Илија Букушовски и отец Онуфриј отслужи Света Божествена Литургија. Верниците се причестија со Светите Христови Тајни. Од певницата празникот го славеа псалти од Сандански, Бугарија.

Во беседата по евангелските читања отецот Фотиј ни ги посочи примерите на Марта и Марија кои како верни жени предадено Му служеа на Исуса Христа (Лука 10, 38-42), зашто „блажени се и оние кои го слушаат словото Божјо и го пазат“ (Лука 11, 27-28). Така и ние да го слушаме и исполнуваме Словото особено по примерот на Пресвета Богородиц, и по Нејзините молитви Господ Исус Христос да не помилува и спаси.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За Преминпортал: Ратислав Кардалев