osvtemelraca 1

На 29.07.2018 година, во Деветтата недела по Педесетница и на празникот на светиот свештеномаченик Атиноген и на светата маченичка Јулија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и свештеникот Сашо Ристески, изврши осветување и го постави камен темелникот за нов храм, посветен на празникот Воведение на Пресвета Богородица во населбата Рача во Охрид.

 osvtemelraca 2

 osvtemelraca 3

Храмот ќе се гради по иницијатива на иницијативниот одбор, чии членови се: Кристијан Трифуноски, Стојан Џајкоски и Дејан Блажески, на чело со парохискиот свештеник Сашо Ристески. Храмот ќе се гради со донациите на локалното население, како и донациите од верниците од пошироката околина и сите добронамерни луѓе. По завршувањето на чинот на осветување, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое најпрво му го честита денешниот голем чин, а потоа и го поучи, кажувајќи му дека убаво е да се градат храмови, но она што е најважно е одењето по вистинскиот пат во животот, кој е тесен и тежок, но истовремено и единствениот којшто дава плодови на спасение.  

osvtemelraca 4

 osvtemelraca 5

 osvtemelraca 6

osvtemelraca 8

Извор: http://www.dke.org.mk/index.php/3097-2018-07-29-17-43-51