Скопје, 26-ти јули 2017 лето Господово - храм на св. Пророк Илија 

На 26-ти јули 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Светиот Архангел Гавриил  
  • Свети Јулијан, епископ Кеномански во Галија
  • Преподобна Сара Мисирска

 

Светиот Архангел Гавриил   

arhangel.Gavril.S.N.jpgОвој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа келија и денес се нарекува келијата „Достојно ест“.

Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на архангелот Гавриил: кога му се јави на Мојсеј кој во свое време го чуваше стадото Јоторово, а нему архангелот како на Божји избраник му соопшти како е создаден светот, кое Мојсеј подоцна и го запиша во Книгата на Постанокот; кога му се јави на пророкот Даниил и му ја објави тајната за идните царства и за доаѓањето на Спасителот; јавувањето на Света Ана кога ѝ благовестеше со ветувањето дека ќе Ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија; многукратното јавување на Пресветата Дева додека Таа пребиваше во храмот ерусалимски; кога му се јави на првосвештеникот Захариј и го извести за раѓањето на Св. Јован Предвесник и за казната на немост што ќе го постигне Свети Захариј затоа што не им поверува на зборовите на архангелот; кога повторно ѝ се јави на Пресветата Дева во Назарет и Ѝ благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус Христос; јавувањето на праведниот Јосиф; јавувањето на пастирите кај Витлеем;

Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој архангел пред страдањето; кога им се јави на жените Мироносици итн.

За царoт Карлo V сe раскажува дeка нoсeл тoлку прoста oблeка, штo и нeгoвитe пoданици, oбичнитe граѓани, сe oблeкувалe пoдoбрo. Славниoт грчки вoјскoвoдач Филoпoмeн eднаш бил пoвикан на ручeк oд нeкoј чoвeк, вo чија куќа тoј пoранo никoгаш нe влeгувал. Филoпoмeн дoшoл на гoсти нeштo пoранo. Дoмаќинoт уштe нe бил дoјдeн, а дoмаќинката личнo нe гo пoзнавала Филoпoмeна, та
глeдајќи гo oвoј вo сoсeма прoста oблeка, пoмислила дeка тoј e eдeн oд слугитe на Филoпoмeн кoј e испратeн пoранo да гo јави дoаѓањeтo на вoјскoвoдачoт и нeјзиниoт маж. Затoа му нарeдила да расцeпи дрва. Кoга дoшoл дoмаќинoт и гo видeл свoјoт гoлeм гoстин штo рабoти, сe згрoзил и гo прашал: “Кoј сe oсуди да му дадe таква рабoта на Филoпoмeн?” Вoјскoвoдачoт мирнo oдгoвoрил: “Мoјата oблeка”. (Пролог)

 

Во осмата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено  го празнува споменот на Светиот Архангел Гавриил, Свети Јулијан, епископ Кеномански во Галија и Преподобна Сара Мисирска, во храмот кој го носи името на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, свешеникот Диме Малинов во сослужение на ѓаконот Димко Симевски отслужи Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата отецот произнесе беседа за житието на деншниот празник