Скопје,24-ти мај 2018 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј

На 24-ти мај 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

Св. Кирил и Методиј македонски и сесловенски просветители

 

„Тие го преведоа двојно[46] законот Божји, го предадоа на нов народ, откако му создадоа писмо (азбука). Она што беше скриено за мудрите и разумните, во последно време преку нив двајцата им беше откриено на децата.[47] Законот беше напишан не на камени плочи, туку врз телесните плочи на срцата.[48] Тој беше изговорен не преку облак, ниту преку магла и бура,[49] туку е создаден и предаден од Самиот Господ Исус Христос. Тие беа служители не на сенката,[50] туку беа проповедници на вистината. Тие ги поросуваа и очистуваа осквернетите не со попрскување со крв од јунци и јарци, заради очистување на телото,[51] туку преку светото крштение го осветуваа не само телото, ами ја запалија духовната свеќа во нивата на срцата на сите. Тие не беа проповедници или служители на заклана жртва, туку станаа проповедници и слуги на бескрвната, мирна и духовна служба.[52] Тие беа сотрудници на апостолите, бидејќи беа избрани за истото дело. Откако на своите плеќи го зедоа Крстот разумно, тие ја обиколија целата вселена, исполнувајќи ги со своето учење оние места, во кои апостолите не беа стигнале или поради долгиот пат, или поради многуте други блиски страни во кои, распрснати како сончеви зраци, го просветлија целиот свет[53] со светлината на богопознанието.“

Нe e, значи, рабoта на прoрoкoт дали сака да гoвoри или штo ќe гoвoри: тoа e рабoта на Сeсилниoт Дух Бoжји. А прoрoкoт самo гo избрал oружјeтo на Сeсилниoт Дух Бoжји. Така e напишанo цeлoтo Свeтo писмo – нe пo вoлја на чoвeкoт, туку пo вoлја на Бoга и нe спoрeд чoвeчкиoт ум, туку спoрeд Бoжјиoт разум.(Пролог)

 

 

 На 24.05.2018 година, кога МПЦ-ОА го прослави споменот на св. Кирил и Методиј македонски и сесловенски просветители ,презвитер Горан Тасески отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, во Скопје.  Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на  Литургијата отецот произнесе празнична беседа,

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 Друго: