На неодамнешната состанок на Митрополит Европски г. Пимен со епархискиот Управен одбор во манастирот на Свети Никола во с. Љубанци(скопско) имавме кратка средба со Владиката и новоназначениот свештенеик на МПЦ во Лондон, отец Виктор Стојчев.







Отец Виктор Стојчев:
„Апсолвент сум на Богословскиот факултет во Скопје и веќе од поодамна  живеам во Лондон.. Како што благоизволи Бог, според благодатта на Бога, преку ракополагањето на отец Пимен, станав свештеник како клирик на Македонската Православна Црква. За сега тоа е најприфатливото решение за постојан свештеник во Лондон, заради тоа што  нашата заедница веќе брои 6-7000 луѓе. Бидејќи станува збор за релативно млада емиграција и финансиски некако сме слабо организирани, па така според замислата на светиот Владика, доколку успееме младите да ги внесеме  - Бога ради - во црквата, ќе можеме и повеќе да се здружиме и организираме во уметнички, фолклорни и други друштва. Тоа би бил почетокот, но сепак во основа јас таму ќе бидам свештеник и секогаш кога ќе можам ќе служам на Бога.“

Што се однесува до нашиот живот таму и на заедницата воопшто, бидејќи станува збор за град како еден од поскапите во светот, животот е премногу динамичен. Едноставно стресот и борбата за егзистенција – да се опстои – во Лондон е како Давид и Голијат. Ние сме многу мали, а тој е многу голем и многу скап. Иако покрај тоа што сум свештеник јас ќе работам на друга работа, затоа што издржувањето и сместувањето мое и на моето семејство го обезбедувам сам бидејќи сеуште немаме приходи и средства од црквата и заедницата.“





                     
На 28 јули 2007 година, на денот на светите маченици Кирик и Јулита, во манастирот на свети Леонтиј во Водоча, Митрополитот Европски г. Пимен, во ѓаконски чин го ракоположи ипоѓаконот Виктор Стојчев.

пп