Скопје, 6-ти април 2018 год.-храм на св.пропок Илија

 06 април 2018
"Утрена богослужба со Чин на погребение "

На 6 април 2018 година, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром, старешината,отец Зоран Стаменковиќ во сослужение на свештенството од храмот отслужи великосаботна Утрена богослужба со Чинот Погребение на Господ наш Господ Исус Христос.

 

 

 

 

„Достојно е, Жизнодавче ,

да Те величаме, рацете на крст ги рашири

и ја скрши силата вражја.

1. Твоите раце ме создадоа и оформија, вразум ме, и ќе се научам на Твоите заповеди.

Достојно е да те величаме,Создателе на сите,

зашто со твоите страдања имаме нестрадање,

избавени од гниење

2. Оние што се плашат ќе ме видат и ќе се развеселат, оти се надевав на Твоите зборови.

Христе Спасителе, земјата се исплаши,

а сонцето се скри, кога Ти, незаодна Светлино,

во гроб зајде телесно.

3. Разбрав Господи, дека Твоите судови се праведни и дека праведно ме казни.

Во гроб си заспал, Христе со природен сон,

и од тешкиот гревовен сон

си го подигнал родот човечки.“

 

 

[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=TktqSlUukzY[/youtube]

 

Преминпортал (к.т.)