Деновиве, во Неделата на света Марија Египетска, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе од печат  „Великиот покаен канон“ на свети Андреј Критски, во издание на Манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свеште-номаченици“, Струмица.

Книгата е издадена по повод шеесет години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, и е посветена на света Марија Египетска.

 

Песна 6

 

Ирмос: Ме отфрли во длабочината на срцето морско и од ропството на смртта ме спаси, Спасителу, и од оковите на беззаконијата мои ме ослободи.

 
Припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти!
 

Си запрашал каде сум, Сезналецу, си ме исплакал, Спасителу, како Човек по природа, и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.

Ме повика, Спасителу, од адот најдолен – повика Лазар кон Тебе, Разрушителу на адот – и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.

Си ме облекол, Спасителу, во тело земјено и живот си ми вдахнал, и светлината Твоја ја видов, и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.

Безживотниот образ на плотта моја си го оживеал, Спасителу, и си ме зацврстил со коски и жили, и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.

Ја раскина сепроголтувачката утроба адска и ме грабна, Спасителу, со крепоста Твоја, и мене, мртвиот, ме подигна со повелението Твое.

Си ја зел на Себе, Спасителу, сета моја смеса, и чиста си ја сочувал утробата пречиста, низ која воплотен си минал, Ти Кој си Едниот од Троица.

 
Слава, троичен: Троице Света, го прославувам милосрдието Твое и со ангелите трисвета песна Ти пеам: Помилуј ги душите наши, нам, кои Те воспеваме.

И сега, богородичен: Во пречистата утроба Твоја се всели Словото, сочувувајќи ја, Богородице, и по рождеството чиста. Чудо, навистина преславно!

 

Извор: МПЦ-ОА