image

На 11. 03. 2018 година, трета Недела од Великиот пост – Крстопоклона, Св. порфириј Гаски, св. мч – ци Севастијан и христодул, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Свети пророк Илија“ во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Василијева Литургија.

 

Пред почетокот на Светата Литургија, откако беше изнесен Светиот Крст на средина на црквата, Митрополитот г. Иларион Му се поклони,а по свештенослужителите пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст. На Светата Литургија присуствуваше многуброен народ меѓу кои и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Герасим Конзулов. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа кон присутните верници.

 

 

Извор: http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/index.php/82-2010-01-15-21-45/2010-01-15-21-513/1173-2018-03-12-13-17-25