Скопје,24-ти февруари 2018 год.- храм на св.пророк Илија

 

 

 

Тодорова Сабота

На 24.02.2018 година, кога Светата Христова Црква молитвено го слави споменот на светиот маченик Георгиј Кратовски, света Теодора, светиот свештеномаченик Власиј,во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, отед Јован Кумевски  во сослужение на ѓаконот Димко Симевски отслужи   Божествена  Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијарта отецот произнесе празнична беседа. 

 

 

Духoвнитe луѓe судат пo духoт, а тeлeснитe пo тeлoтo. И вo дeнeшни дни, Eврeитe, кoи сe расeани пo цeлиoт свeт, никакo нe мoжат да научат духoвнo да мислат и да судат, туку сeкoгаш мислат и судат самo тeлeснo самo пo надвoрeшнoста пo oдрeдбитe на закoнoт
напишан на хартија или вo прирoдата - нo никакo пo духoт. Бидeјќи кoга би сe научилe да ги судат луѓeтo и дeлата пo духoт, тиe вeднаш би Гo призналe Гoспoда Исуса какo Мeсија и Спаситeл.(Пролог)

 

 

 

 

 


Во овој ден, првата сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството, започна гонење на христијаните, јавно или прикриено. Злочестивиот, откако се одрече од свирепото и нечовечно јавно измачување на христијаните, почна да ги искушува вака: Тој ги срамотеше и онеправдуваше и, за да не се множи нивниот број, мислеше како потајно да ги оскверни. Затоа, знаејќи дека нашиот народ христијански најмногу се очистува во првата седмица од Постот и се труди да Му угоди на Бога, царот Јулијан го повика управникот на градот и му заповеди да ја отстрани храната што обично се продава на пазарите, и да ја замени со храна, односно со лебови и пијалаци, осквернети со крв од идолски жртви, та оние што се очистуваат со постот, кушувајќи и јадејќи од оваа храна, да се осквернат. Управникот на градот (епархот) веднаш ја изврши наредбата и по сите пазари изнесе за продавање храна која претходно била осквернета со жртвена крв. Но, окото Божјо кое гледа сè и злонамерните ги препнува со нивното лукавство, а кое секогаш промислува за нас – неговите слуги, оваа подмолна намера на Отстапникот му ја осуети; му ја откри на великиот маченик Теодор, наречен Тирон, и го испрати при градскиот архиереј Евдоксиј кој не бил баш многу прав и православен, да го извести за намерата на царот. Свети Теодор, не на сон ами на јаве, отиде при архиерејот и му рече: „Стани веднаш и собери го стадото Христово и кажи му да не купува ништо од пазарите, зашто храната е осквернета со жртвена крв, по наредба на нечестивиот цар“: Овој, пак, чудејќи се, го прашал: „Што ќе прават оние што немаат храна дома, ако не одат на пазар да купат?“ Св. Теодор му рече: „Нека јадат коливо.“ Бидејќи овој не разбираше што е тоа коливо, Великиот Теодор му рече: „Тоа е варена пченица; така ние обично во Евхаит го именуваме.“ Патријархот го прашал: „А кој си ти што се грижиш за христијанскиот народ?“ Светителот му одговори: „Јас сум Теодор, Христов маченик, Кој ме испрати да ви помогнам.“ Патријархот веднаш станал и на мнозина им кажал за своето видение и, откако постапи така, Христовото стадо го запази неоштетено од подмолната завера на Отстапникот. Кога тој виде дека неговата измама е откриена и дека со тоа ништо не направил, нареди на пазарите повторно да се изнесе вообичаената храна. А Христовиот народ, кога заврши седмицата, му оддаде благодарност на добротворот и маченикот, и со радост, поради коливото, оваа сабота ја определи да се слави во негов спомен. Оттогаш, ние верните, спомнувајќи си за чудото и за да не биде заборавено делото на маченикот, му оддаваме почит на свети Теодор со коливо.(Од синаксарот на Тодорова сабота)




Преминпортал (к.т.)