Убавиот сончев ден ,допринесе изминатиот викенд црквата и дворот во Св.Кирил и Методиј во Дортмунд да бидат претесни за околу 150 дечиња кој дојдоа на молитва и благослов за почеток на новата учебна година
Се потрудивме сите дечиња да добијат подароци,тетратки, некои моливи а имаше и др.поклончиња ,за сите деца имаше сендвичи и пачаќинки а секако не изостана и вкусната скара за возрасните.Но како што кажа отец Душко ,најважното од се е МОЛИТВАТА,присуството на молитва и благословот за сите дечиња за нивни успех,напредок и убави и плодоносни школски денови.По честото  присуствуво во Црква на молитва ,причестувањето се наши приоритети и благодети за подобар ,помирен и по духовен живот.
Големата радост беше заокружена со веста дека Црковната општина доби дозвола за градба на нова Црква, која ке биде од сите и за сите нас .
 

Протопрезвитера Анита Пецова