Скопје, 19-ти јули 2017 лето Господово - храм на св. Пророк Илија

 

 Во петата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено  го празнува споменот на Преподобен Сисој Велики, во храмот кој го носи името на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, свешеникот Диме Малинов во сослужение на ѓаконот Васил Крстовски отслужи Божествена Литургија. По Литургијата отецот произнесе беседа за житието на деншниот светител.

 

  Преподобен Сисој Велики    

sv.Sisoe.Veliki.jpgРодум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година. Ги учеше Св. Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одоговори светителот: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“. Монах го запрашал авва Сисој: „Како да го достигнам смирението?“ Му одоговори Светителот: „Кога некој ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси, ќе го стекне со тоа смирението“. Амон му се жалел на Сисој дека не може да ги запомни мудрите изреки што ги прочитал и да ги повтори кога разговара со луѓето. Му одговорил светителот: „Тоа не е нужно. Потребно е да се стекне чистота на умот и да се зборува од таа чистота, полагајќи ја надежта во Бога“.

 

 

 

 


Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба, а подоцна на некој начин ја загуби и умот почне да се осквернува со разни работи, срцето нема лесно да се измени, зашто претходно било преобразено од благодатта, така што злото напредува полека и со тешкотии. - Старец Ефрем Филотејски

 

 

Преминпортал (к.т.)

 Друго:

Фреска со гробот на Александар Македонски во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с.Сливница.

Спектакуларно откритие идентична фреска со светиот Сисое над гробот на војсководецот, каква што има во манастирот во Преспа има и во „Варлам“ на Метеори. Идентична фреска, на која е прикажан светецот Сисое над гробот на војсководецот Александар Македонски...

...освен во манастирот „Варлам“ на Метеорите во Грција, постои и во Сливничкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во Македонија. Ова го откри Ленче Kрстеска, магистер по фрескосликарство и иконографија, која подолг период ги истражува фреските со костурот на Александар Македонски во храмовите на овие простори.

- Во Сливничкиот манастир, кој датира од 17 век и изграден на падините на планината Баба над Преспанското Езеро, во јужниот дел на долапот од прозорецот е насликана фреска со светиот преподобен Сисосе Велики. Тој е прикажан со кренати раце и залудувачки гледа над гробот, односно кон костурот на Александар Македонски. Фреската побудува чувства на збунетост и не ве остава рамнодушен, туку, напротив, ве тера да размислувате што зографот сакал да каже.