логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Бигорската Свештена Обител, којашто низ историјата воспитала и издигнала многу духовни и културни дејци и каде и во поново време духовно се образуваат сите што со вера притекнуваат во неа, во саботата од Светлата седмица, на 22 април 2017 лето Господово, беше домаќин на еден настан од исклучителна важност за градењето на добрата иднина кај нашите најмлади: еднодневен семинар во организација на Асоцијацијата на професори по предметот Етика во религиите „Просветление“.

Овој настан, прв од ваков вид организиран од Асоцијацијата после нејзиното формирање во месец февруари 2017 л. Г., беше наменет за професорите кои изведуваат настава за учениците во VI одделение по предметот „Етика во религиите“. Главната тема на семинарот беше: позитивни искуства од воведувањето на предметот „Етика во религиите“ во основното образование и постигнување на повисоки резултати во работата со учениците.

Семинарот беше отворен од страна на домаќинот, игуменот на Свештената Бигорска Обител, Високопреподобниот Архимандрит Партениј, кој најпрвин ја изрази својата благодарност што вероучителите го избраа токму Бигорскиот Манастир за да ја реализираат својата прва средба, а потоа и пастирски ги поздрави, упатувајќи им поучителни зборови: „Оваа средба треба да ве поттикне на силно меѓусебно дружење и зближување во Христа. Во светот вообичаено се вели: ’Само добриот тим е тим кој успева‘. Па така и вие треба да сте едномислени и едногласни во своите ставови и барања… Сите што сте овде доаѓате од Богословскиот факултет, од таа, на сите нас особено драга институција, каде што сме се стекнале со знаењето на наука за Божјото Слово, и благодарение на професорите сме го добиле епитетот теолози, богослови. Тоа е големо достоинство и повлекува сериозна одговорност. Впрочем, да не заборавиме дека во историјата на Црквата само тројца светители го носат тоа големо именување: Св. Јован Богослов, Св. Григориј Богослов и Св. Симеон Нов Богослов.

Би се задржал повеќе на првиот, на највозљубениот ученик и апостол Христов, кој силно Го засака Христа и кој за време на Тајната Вечера ја беше навалил главата на градите Негови и својата Божествена теологија ја црпеше, љубејќи го Христа; затоа и нему му беа откриени оние возвишени догматски мисли, кои подоцна ги запиша во своето Евангелие… Т

окму такви треба да бидете и вие: собрани околу Христа, во љубовта Негова, во Неговата прегратка… И постојано да се потсетуваме дека теологијата не е само некакво сувопарно слово или обично схоластичко знаење, туку пред сè учење за љубовта. Затоа пред да се занимавме со теологија, треба најнапред многу да Го возљубиме Бога и да општиме со Него во срцето; дури тогаш ќе можеме на правилен начин да го разбереме Евангелието и целата теолошка наука, предадена нам во наследство од Светите Отци. Тогаш и теологијата ќе ни стане опитна и искуствена, а со самото тоа ќе има духовна моќ да допре до срцето на слушателите.

Значи, нашата вера треба да биде дејствителна, секојдневно да ја сведочиме преку дела, и тоа најмногу преку делата на љубовта. Пред нас стои една тешка, но благородна задача: да ја издигнеме веронауката на повисоко ниво и да се залагаме за нејзина поголема застапеност во државните образовни институции. Но, за да се постигне тоа, треба да работиме поорганизирано и тимски.

Да не го сфатиме овој собир како една средба која беше и помина, туку и понатаму постојано да контактираме и споделуваме искуства, бидејќи само заедно ќе однесеме победа. Нашите манастири и натаму остануваат отворени за вас и вашите ученици во поглед на практичната веронаука што започна кај нас пред неколку години. Имено, минатото лето во нашите два манастири поминаа повеќе од 350 деца, кои преку учество во литургискиот живот и послушанијата опитно ги спознаваа длабочините на нашата вера. Нашето искуство покажа дека за поголеми плодови на полето на веронауката, училиштата не треба да бидат единствените места каде нашите деца ќе се стекнуваат со знаења за Бога, туку суштински потребно е такви активности да бидат организирани и во рамките на парохиите при храмовите.

Затоа, да ги насочиме нашите сили и во тој правец, па преку една длабока соработка помеѓу Црквата, возглавена од нејзините епископи, и образовните институции да можеме од нашите деца да изградиме духовно здрави и морално цврсти личности. Христос Воскресна!“

Свои излагања за важноста на застапеноста на предметот „Етика во религиите“ во образовниот систем, какои огромна благодарност до бигорскиот игумен за гостопримството изразија и деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, како и претседателот на Асоцијацијата на професори по Етика на Религиите, о. Бобан Митевски.

Целта на овој семинар беше да се постигне континуирано и професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар, подобрување на квалитетот на наставата по наставниот предмет, на методите и пристапите во реализација на наставата, како и во насока за обезбедување одговори на многуте прашања и дилеми со кои се соочуваат професорите и стручна и советодавна поддршка. Во тоа особен придонес дадоа директорката на Бирото за развој на образованието, д-р Весна Хорватовиќ, како и г-ѓа Лилјана Самарџиска Панова, која е советник во истата институција. На семинарот беше најавена и втората активност на Асоцијацијата – првиот награден литературен и ликовен конкурс по соодветниот предмет на тема: „Св. Климент – живот и дело“, кој треба да се одржи во наредниот период.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная