Вечерта,  15 април 2017 година, во храмот на св. Арх. Михаил, во скопската населба Автокоманда, по опходот на храмот, кој го симболизираше Крсниот пат на Христос, се   објави светлото Воскресение Христово и потоа се отслужи  Света Златоустова Литургија. На Литургија, многубројниот верен  народ се причести со Светите Христови Тајни.

„За Тебе, распнатиот Господ и погребан, ангелот проповедаше и на жените им говореше: Дојдете, видете каде лежеше Господ, зашто Он воскресна, како што рече, како сесилен. Затоа Ти се поклонуваме Тебе, единствениот бесмртен, Животодавче Христе, помилуј нè“ (стихира на Господи повикав... во светата и Велика Недела на Пасха Вечер).