Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат „Семеен православен молитвеник“, кој го подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.     

 

За дистрибуција на книгите (Житијата и Семеен православен молитвеник) можете да се информирате на:

e-mail- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

или:  о. Боро Милчев,  тел. 071 213 000

    

 Молитва кон Пресвета Богородица

 „О, Пресвета Богородице, Дево Владичице,

повозвишена од ангелите и архангелите, и најчесна од сета твар,

голем восхиту на ангелите, возвишена проповед на пророците,

преславна пофалбо на апостолите, прекрасен украсу на светителите,

крепка тврдино на мачениците, спасително водство на монасите,

неотстапно воздржание на отшелниците, славо и чистото на девствениците,

тивка радост на мајките, мудрост и поука на младенците,

заштитничке на вдовиците и сирачињата,

на голите – риза, на болните оздравување,

на заробените избавување, тишино на оние што по море пловат,

мирно пристаниште на оние што бурата ги носи,

сигурна водителке на заблудените, лесен премину на патниците,

блажен спокоју на подвижниците, на измачените брза застапничке,

на нападнатите покрову и прибежиште,

надеж на безнадежните и помош на оние кои помош бараат.

На ништите богатство непропадливо, на нажалените непрестајна утехо,

на намразените љубовно смирение, на грешниците спасение и кон Бога обраќање,

на сите правоверни цврста заштито,

непобедлива помош и застапништво. 

Низ Тебе, Владичице, Невидливиот нам видлив ни стана,

затоа молитва Ти принесуваме, Владичице, ние грешните слуги Твои.“

 

 

За дистрибуција на книгите (Житијата и Семеен православен молитвеник) можете да се информирате на:

e-mail- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

или:  о. Боро Милчев,  тел. 071 213 000

Извор: МПЦ- ОА

 

Друго:

Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец јули (10.12.2015)