5/18 декември 2016 лето Господово

01.jpg

Од дете си бил хранет со нектар, како некеој невештествен и небесен човек, а такво ти е и името, отче Нектарие. Од земните и смртните си го учел најдоброто, копнеејќи по неминливата и вечна радост. Си живеел во Христа, со умносрдечната молитва на усните, а духовниот поглед на својата душа си го окрилувал со созерцание. Затоа и сега блажени, моли се за спасение на нашите души.
(Стихира на Господи повикав)

Големиот Атонски подвижник и рожба на градот Битола, Светиот Нектариј, повторно ги испушта своите зраци како топло духовно сонце, за да ги прегрне и стопли душите на оние кои се собраа во Рајчичката Обител, за со сеноќна молитва да го прослават неговиот свет спомен. А каква благодат беше тоа посведочи Божествената Литургија следниот ден, кога благодатното присуство на Преподобниот беше збогатено со присуството на возљубениот наш Старец, Архимандрит Партениј. Тој спој на молитвено созерцание, и благодатна посета одозгора направија нашите молтви да се претворат во химни за величање и славословење на милостивиот Бог кој нè удостои со таква силна небесна радост.

02.jpg

03.jpg

04.jpg

05.jpg


Нека големиот Битолски Светија постојано нѐ закрилува со своите смели молитви кон Бога, нека не го лишува Рајчичкото монашко семејство од своето благодатно присуство и нека во овие мигови на тешки испитанија испроси од Бога мир и вразумување на сиот наш народ, за да преовладее братољубието и да се утврди верата во човечката добрина.

06.jpg

07.jpg

 08.jpg

 09.jpg

 10.jpg

 11.jpg

 13.jpg

15.jpg

16.jpg

17.jpg

18.jpg

 

 

 Извор: Бигорски манастир

 

Друго:

01.jpg

Посета на Кнежинскиот манастир