Скопје, 9-ти октомври 2016 год.- храм на св. Јован Крстител

 

  На 9-ти  октомври  2016 година,  кога Светата Црква  молитвено  го прославува споменот на Свети Јован Богослов, апостол и евангелист, во овој  храм на св. Јован Крстите, во скопската населба Капиште,  свештеникот   Зоран Велковски во сослужение на ѓаконот Слободан Сарделиќ  отслужи  Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот го протолкува денешното евангелие.

 

 

 

Кога човек ќе се поздрави со сѐ што е во светот: кога ќе се одрече од парите и од имотот, ќе ги отфрли и ќе им ги раздели на сиромашните (Лука 14, 33) ослободувајќи се така од грижите, тогаш душата е во состојба да се предаде на самонабљудување, како слободна од сѐ што ја привлекува однадвор и ја расејува.

А кога умот, откако се одвоил од сѐ што е сетилно, ќе се издигне над растргнатоста од мноштвото грижи и ќе го здогледа внатрешниот човек, првиот напор му е со плач да ја измие одвратната маска што преку светските скитања и заблуди ја стекнал.

Откако од себе ќе симне сѐ што безоблично го покривало, со оглед дека душата веќе не ја апсорбираат различните предмети, спокојно влегува во своите внатрешни ризници и во тајност Му се моли на Отецот (Мат. 6, 6). Бог тогаш најпрво му го дарува сокровиштето на сите други дарови: мирот и тишината на помислите.- Свети Григориј Палама

 

 

 

 

 

 

 

 

Преминпортал (к.т)

 

Друго:

Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, н.Капиштец (04.10.2015)