Sample Image

На 09. 10. 2016 година, на денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов, се навршија точно 10 години од повторното возглавување на тронот на Повардарската епархија од страна на Митрополитот Агатангел. По тој повод, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се отслужи Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Агатангел, во сослужение на голем број на свештеници од сите архиерејски намесништва на епархијата. Молитвено присуствуваа и многу верни, кои со радост ги проследија прекрасните зборови на дел од присутните свештеници, кои подарувајќи му на Митрополитот Агатангел крст и панагија од сето негово патство му посакаа уште долги години на ваков плоден и ревносен начин да ја продолжи својата архипастирска дејност, застапувајќи го со своите молитви патството на Повардарската епархија, како и целиот македонски народ.

На многаја лета, Владико! 

Извор: Повардарска епархија