На 03.07.2016 година, втора Недела по Педесетница, Преп. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во манастирот  „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Жарко Мицкоски, презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. На Светата литургија како и секоја година пееше градскиот женски хор „Менада“ под раководство на маестро Ивица Зориќ. На литургијата многубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови. Црковниот одбор при манастирот за целиот народ кој беше дојден од разни страни на нашата татковина приреди трпеза на љубовта.

 

 

 

 

За Преминпортал:

Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија