Ете, на Закхеј му е простено среброљубието, на блудницата – телесните гревови, на разбојникот на крстот – разбојништвото и на многумина други – , многу други гревови. Зошто тогаш не би можело да се прости и одрекувањето на вистината, неверието, исмевањето на Бога Светиот Дух?

Затоа што таму има срам и покајание, а тука нема. Таму човекот макар и да греши, сепак со срам и страв се сврзува со Бога. А тука сите врски со Бога се прекинати и човекот безбожник бескрајно и потполно се оддалечил од Него. Таму има слабост, тука – упорствување. Таму душата скита во мрак, но барем жедува за светлина. А тука душата скита во мрак и мракот го нарекува светлина. Кога човек нема ниту најмала желба да се спаси, Бог не сака на сила да го спасува. (Извадок)

Извор:

Што е тоа хула против Светиот Дух – Св. Николај Велимировиќ