Божикни активности во Дортмунд


Почетокот на Божикните овогодишни празници започна со спроведување на иницијативата на о.Пимен за собирање на плишани мечиња за да израдуваме дечиња.Вериот народ со голема позитивна енергија го пифато ова и за само еден ден беа собрани над 300 играчки


Огромна беше радоста на отец Душко, кога на Коледе на неговата врата зазвонија група дечиња -коледари ,кои пеејки на Македонски јазик го навестуваа доагањео на Богомладенецот. и како што е редот со костени ,ореви јаболкца ,тој ги даруваше децата.


Црковната Општина секоја година обезбедува чоколадни пакетчиња за дечињата ,а оваа година како и годините порано еден член на управата за здравје мир и благосостојба на фамилијата даруваше огромен број чоколадни подароци коу беа претворени во пакетчиња и поделени на сите дечиња па и по некое слатко бонбнче и на возрасните.


Огромната радост беше зачинета и со присуството на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски Пимен .кој богослужеше на Светите Богослужби а и од неговата света десница исто рака беаподелени дел од пакетчињата.


Навистина посетеноста на Бадникот и Божик беше доста голема и со верници од секаде околу Дортмунд ,патувајки и по повеке од 100км,тие беа дел од св.Богослужби.


Многу верници ,и дечиња пристапија кон св.тајна Причест.

Божиќ не би бил Божиќ, без љубов, милосрдие и силна вера!!! Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски Пимен во соработка со свештеникот во Дортмунд отец Душко Пецов,претседателот на МПЦО Дортмунд св.Кирил и Методиј г.Јованчо Тодороски г.Рудигер Шмит и г.Хајнц Пастерни го посетија кампот за бегалци во Дортмунд, и на дечињата им ги подарија подароците кои верниците со голема душа ги даруваа во црквата во Дортмунд.
Голема беше радоста кај сите а г.Пимен рече:Оваа насмевка кај децата која ја гледаме нека биде постојана и нека остане засекогаш на нивните лица -тие дечиња ова го заслужуваат!


Присуството на светите Богослужби и активностите внесоа позитвна енергија кај сите верници а кулминацијата беше кога на сите верници им се објави веста дека сите подготовки за изградба на нов македонски православен храм се завршени и веќе почнуваме со детално планирање со проектот " Да изградиме заедно Православна Црква".Паралелно со светите Богослужби о.Пимен посети и неколку домови ,оветувајки и благословувајки славски колачи,оствари работна средба со високи преставници на градот Дортмунд ,изврши почетни разговори со архитектот за градба г.Франк Луткефент,и изврши света тајна Крштение на чедото Божјо Јована Ташова!


Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски Пимен оствари рабона средба и со управата на МПЦО св.Петка -Дизелдорф и даде упатства за понатамошни активности!
Отец Душко говорејки ,комуницирајки со верниците и на проповедите секогаш насмеан, весел ,полн со радост и елан почуваше- ,,Вие верниците сте мојата сила и моја поткрепа и вие сте заслужни за се ова ! Бидете сложни полни со добрина ,меѓусебна љубов , пристапувајте ми искрено со вашите идеи и предлози, не правете раздор,  не ширете омраза, и само така ке имаме успех и ке изградиме црква која ке сведочи за нашето постоење и ке биде поклон за нашите дечиња ,за идните генерации и потврда за Живата света вера Христова!


известува-Презвитера Анита Пецова