Скопје. 21- в и ноември 2015 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј, К. Дол

 

Во дваесет и четвртата  недела по Педесетница, на празникот на  Собор на св. Архангел Михаил; св. Ангел Лерински, презвитер Горан Тасески  отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, Скопје.  Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 9:57-62

57.     А кога одеа по патот, некој Му рече: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.”
58.     Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да засолни.”
59.     На друг, пак, му рече: „Врви по мене!” А тој одговори: „Господи, позволи најнапред да отидам да го погребам татка ми!”
60.     Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти врви по Мене и проповедај го царството Божјо!”
61.     А друг еден рече: „Господи, ќе одам по Тебе, но позволи ми најнапред да се простам со своите домашни.”
62.     Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледува назад, не е достоен за царството Божјо.”


"– Што да правам кога ќе чујам дека некој лошо зборува за мене? – Веднаш стани на молитва, помоли се најпрвин за него, а потоа за себе, говорејќи: ‘Господи Исусе Христе, помилуј го овој брат и мене, непотребниот Твој слуга, и покриј ме од лукавиот, по молитвите на Твоите Светии. Амин’."  Авва Варсануфиј

 Преминпортал (к.т.)