Скопје, 19-ти октомври 2915 год.-храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 Во дваесеттата недела по Педесетница, на  празникот на Светиот апостол Тома, во   храмот Рождество на Пресвета Богородица,во Скопје,  протоереј Љупчо Вељановски   во сослужение на ѓаконот Методиј Митановски  отслужи  Божествена Литургија. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 Свети Јован Лествичник

Што е вистинско послушание сме сфатиле дури ако во отсуство на духовникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно. Невистинските ученици се радуваат на отсуството на учителот, а вистинските го сметаат за загуба.

 

 

Преминпортал (к.т.)