DSC_4887

 Од 13 до 16 октомври 2015 година, при Православниот богословски факултет во Скопје, започнаа предавања од еминентните професори од Православниот богословски факултет во Букурешт, Романија: д-р Думитру Сорика и д-р Дорин Хандреа на тема практични вежби од фреско-сликарство, конзервација и реставрација на икони.

Деканот проф. д-р Ацо Гиревски во неговата поздравна реч ја откри идејата за оваа благородна наставно-научна мисија на двата теолошки факултета од Скопје и Букерешт. Имено, минатата година делегација предводена од Неговото Блажество, архипископот г.г. Стефан го посетила Православниот богословски факултет при Букурешкиот универзитет, каде што и се потврдила  понатамошната соработка помеѓу двата факултети. Меѓу другото, тие тогаш ја посетиле изложбата и работилницата на Катедрата за фреско-сликарство, конзервација и реставрација на икони. Биле пријатно изненадени од она што го виделе и доживеале, според зборовите на Деканот, и меѓусебе си рекле: „ова нам ни е потребно!“ Неговото Блаженство ги поканил професорите да дојдат во Македонија, во Скопје, за да покажат, да побудат интерес, за и овде, во Македонија, да се организираме, доколку е можно во иднина и на нашиот ПБФ, да формираме катедра за фреско-сликарство, конзервација и реставрација на икони. Посакувајќи им добредојде и пријатен престој во Македонија, на професорите од Универзитетот во Букурешт – Романија, кои се одзваа на поканата и се меѓу нас, Деканот, д-р Гиревски уште еднаш им заблагодари, завршувајќи ја неговата поздравна реч.

Потоа збор зеде Архиепископот г.г. Сефан, којшто ја поздрави и благослови идејата претворена во дело и изрази задоволство што ова се реализира во дело. Архиепископот, меѓу другото посочи дека кај нас има пореба од создавање на нови икони, бидејќи се градат нови храмови, но потребата е голема и да се сочува, конзервира и реставрира она што го имаме како духовно наследство од икони и фрески....

Предавањата се со почеток од 14:00 до 18:00 часот, во салата при Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, со логистичка подршка на Скопска Митрополија.

Марија Гиревска

DSC_4885

Извор: Скопска епархија